Среда, 11 Октомври 2023    PDF Печати Е-пошта
Елисије Поповски

1elis

Елисије Поповски - Марко (16. XII 1907 – 9. XI 1972) е македонски комунист, учесник во Граѓанската војна во Шпанија и Народноослободителната борба (НОБ). Бил политички комесар на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ (1943) и член на ГШ на НОВ и ПОМ. Во август 1944 година учествувал на Првото заседание на АСНОМ. По ослободувањето бил раководител на УДБ-а во Македонија, а по 1952 година вршел и други раководни функции.

Елисије Тодоров Поповски е роден на 16 декември 1907 година во село Маврово, Гостиварско. Во 1934 година се вклучил во работничкото движење, а во 1936 година станал член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ).

Во средината на јули 1937 година, Елисије Поповски дошол во Шпанија, каде се борел како доброволец во интернационалните бригади. Таму стапил во противтенковска единица  во составот на 129-та интернационална бригада. Се борел на Мадридскиот и на други фронтови. По завршувањето на Шпанската граѓанска војна во 1939 година, тој со други шпански доброволци се повлекол во Франција.  До 1941 година тој бил во логорите Гирс и Сан Сиприен во Франција.

Во 1941 година, Елисије Поповски се префрлил во окупирана Југославија и им се придружил на партизаните. Од КПЈ бил назначен да раководи со востанието во Македонија, но поради тешките услови за движење останал во Топлица. Се приклучил на борците на Топличкиот партизански одред и набргу станал негов командант. Подоцна бил заменик политички комесар на Озренскиот партизански одред.

Во април 1943 година заминал за Македонија и бил назначен за политички комесар на Првата оперативна зона на НОВ и ПО на Македонија и член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Во ноември 1943 година, тој ги водел преговорите со германската команда од Струга во Ботунската теснина меѓу Ботун и Струга за размена на германски затвореници за затворени партизани.

Елисије Поповски бил вклучен во формирањето на Одделот за заштита на народот (ОЗН) и учествувал на Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година.

По војната тој бил на чело на Управата за државна безбедност (УДБ) за Македонија. До 1952 година бил началник, а потоа и помошник министер за внатрешни работи на Република Македонија.

Тој вршел и други раководни функции. Елисије бил член на Главниот одбор на Социјалистички Сојуз на Работниот Народ (ССРН) на Македонија, секретар на Организационо-политичкиот секретаријат на ЦК на Сојузот на комунистите на Македонија од 1954 до 1958 година, претседател на Главниот одбор на СУБНОР од 1958 до 1969 година и член на Советот на Федерацијата. Бил избран за член на ЦК на СКМ на Првиот, Вториот, Третиот и четвртиот конгрес на СКМ и бил избран е за член на Извршниот совет на Република Македонија: Во повеќе наврати бил избран за републички и сојузен пратеник.

Елисије Поповски- Марко починал на 9 ноември 1972 година во Скопје. Тој е носител на Партизанскиот споменик во 1941 година, Орден за национално ослободување, Орден на Републиката со златен венец, Орден за заслуги за народот со златна ѕвезда, Орден на Братство и единство со златен венец, Орден на трудот со Црвеното знаме и Орден за храброст. 

извор: МЕ, Скопје

1Tihomir подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

ДУИ стана бренд на криминалот

Ковачки: ДУИ стана бренд на криминалот, криминална структура која не му мисли добро на сопствени...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.