Македонски легенди

Емануил Карамфилович

1asa5

1asa5

Емануил Карамфилович (1855 – 1895) е македонски револуционер и јавна личност. При избувнувањето на Македонското (Кресненско) востание на 5 октомври 1878 година, се приклучил во редовите на востаниците. Во 1881 година бил избран за потпретседател на Бугарско-македонското добротворно друштво, чија цел била да им помогне на дел од сиромашните Македонци да се школуваат.

Емануил (Мане) Карамфилович е роден во 1855 година во Велес, во маалата Прцорек, во семејството на велешкиот првенец Петар Карамфилович и Ана од Солун. Неговиот брат Димитар Карамфилович бил истакнат преродбеник.

Емануел дипломирал на Шумарското училиште во Букурешт, Романија и веројатно бил единствениот Македонец што дипломирал пред 1878 година. Се вратил во Велес, но по 1878 година, бегајќи од зулумите во татковината, заминал во новоформираното Кнежество Бугарија, каде што работел во канцаларијата на губернаторот.

При избувнувањето на Македонското (Кресненско) востание во октомври 1878 година, Емануил Карамфилович поднел оставка и се приклучил во редовите на македонските востаници.

По востанието, Емануил (Мане) Карамфилович, кој има соодветно образование, раководел со огранокот на новосоздадената Шумска служба во Варна. Тој бил прв провинциски шумар во Кнежевството, кој на 1 март 1880 година, бил назначен  од бугарскиот кнез Александар I.

Мане работел во Бугарија во тешко време на нерешено законодавство и отворен бандитизам, како и во време кога неговиот македонски народ во татковината патти под османлиска власт. Поради тоа се вклучува во политиката и станува член на македонско добротворно друштво.

Во локалната политика, Мане бил активист на Либералната партија, а на 19 јули 1881 година бил избран за потпретседател на Бугарско-македонското добротворно друштво (подоцна Македонско добротворно друштво), кое го помагало македонското население останато под османлиска власт. Целта на ова добротворно друштво било да им помогне на дел од сиромашните Македонци, да се поддржат во Педагошките училишта, а на други да им помагаат за училишните потреби итн.

Мане Карамфилович се оженил со гркинката Еленора Кувелас со која има два сина Панајот и Петар Карамфиловиќ и кои се занимавале со револуционерна дејност.

Емануил (Мане) Карамфилович загинал во несреќен случај во Варна во 1895 година, на 40-годишна возраст. Тој бил фрлен од коњ.

1Tihomir подгитвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top