Македонски легенди

Аврам Балабан

1dev9991

1dev9991

Аврам Балабан (1865 – 1913) е лекар, хирург, кој извршувал многу тешки хирушки интервенции. Како лекар, хирург и гинеколог работел во Охрид, Приштина и Елбасан, а од 1899 г. во Битола, каде што отворил прифатилиште со ординација, операциона сала, неколку болнички кревети и аптека. Во Балканските војни се заразил од пегавиот тифус и починал.

Аврам Балабан – Балаланоглу е роден во 1865 година во Ендурљук, Кесарија, Турција. Во 1890 година завршил Медицински факултет во Цариград и станал „доктор по медицина и хирургија“.

После дипломирањето работел во Созопол, Бугарија, но набргу потоа бил поставен за општински доктор во Охрид. Од таму својата успешна лекарска кариера Балабан ја продолжил во Струга, Приштина и Елбасан.

Во 1899 година (или 1901 г.), Аврам Балабан дошол да работи во Битола. Во посебна зграда во дворот на својата куќа во Битола, тој отворил приватно прифатилиште со неколку болнички соби, ординација и операциона сала. Исто така отворил и своја аптека во близината на Јени аман (кај Дрвен пазар).

Аврам Балабан бил способен хирург и гинеколог кој извршувал многу тешки хирушки интервенции. Исто така важел и за добар лекар и хуманист бидејќи работел и во болницата за сиромаси „Гураба Хаста Ханести“, изградена од битолскиот валија Абдул Керим паша околу  1896 година. Во тоа време лекарската служба во болницата ја вршеле поголем број битолски лекари, кои работеле по неколку саати во текот на денот. 

Балабан секаде каде што работел како лекар, се вложувал максимално професионално и хумано. Поради неговиот однос кон пациентите, тој уживал големи симпатии од населението и турските власти. Меѓутоа, тој ќе стане жртва на својата професија.

За време на Балканските војни Аврам Балабан активно учествувал во сузбивањето на една од катастрофалните епидемии во тоа време, пегавиот тифус. Но, лесно префатливата болест му го одзела животот во 1913 година, со што Битола останала без еден од најискусните лекари

извор: „Значакни личности за Битола“ , Битола, 2007; МЕ, Скопје 2009;

1Tihomir подготвил. Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top