Македонски легенди

Павле Ќулафковски

2kir4

                                             2kir4

Павле Ќулафковски ( VII 1865 – 13. VI 1940) е член на Македонското научно-литературно друштво (МНЛД) во Санкт Петербург и потписник на молбата за регистрација на статутот на Словенско-македонското научно и литературно друштво до Санктпетербуршкото словенско благотворно друштво (СПБСБД).. Во 1904 година заминал во Њујорк, каде што го понел со себе буквар на друштвото на македонски јазик за печатење. Во декември 1912 година, со Димитрија Чуповски учествувал на Општомакедонската конференција во Велес.

Павле Јованов Ќулафковски е роден во велешкото село Папридиште во јули 1865 година. Уште како млад работел како градежник. Во периодот 1892–1893 година работел во Воден, потоа во 1893 година работел во Ќустендил, каде што се родил неговиот син Крум, а од 1894 до 1896 година работел во шестиот сектор на Отоманската железница во Битола.

По 1896 година работел надвор од географските и итничките граници на Македонија. Во периодот помеѓу 1897 и 1898 година работел како мајстор-градежник во пристаништето Констанца, Романија. Потоа заминал во Русија, каде во 1898-1899 година работел како работоводител на изградбата на мостот „Троицки“ во Санкт Петербург. На почетокот на 20 век, во 1900 година, бил во Белгија, а оттаму заминал во белгиско Конго, каде што останал до 1902 година.

Павле повторно се вратил во Русија и на 20 декември 1903 година, заедно со Наце Димов, Александар Јолов и Филип Николовски, ја потпишал молбата на Македонското научно-литературно друштво (МНЛД) до советот на Санктпетербуршкото словенско благотворно друштво (СПБСБД) за регистрација на Уставот.

Во 1904 година Павле заминал во Њујорк, каде што го понел со себе буквар на друштвото на македонски јазик за печатење.

Од 1907 година Павле работел во Сан Франциско, а следната 1908 година се преселил во Термалито, Калифорнија.

Во 1912 година, за време на Балканската војна дошол привремено во Македонија. Во декември истата година, со членот на МНЛД Димитрија Чуповски учествувал на Општомакедонската конференција во Велес. Цел на оваа конференција била да испрати сигнал до Русија и Европа за зачувување на целовитоста на Македонија и да се обезбеди нејзината слобода и државност. 

По Балканските војни, Павле одноцо заминал за САД, во Алјаска. Во 1920 година вонредно студирал на Техничкиот колеџ во Чикаго.

Павле Ќулафковски се вратил во Македонија како американски пензионер. Пензионерските денови ги минувал во родното село. Меѓутоа, подоцна, на 13 јуни 1940 година, бил пронајден убиен во близина на родното село.

(извор: МЕ. том II, Скопје, 2009)

1Tihomir Подготвил: Т.К

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top