Среда, 29 Ноември 2023    PDF Печати Е-пошта
Никола Рачев - Војводата

1kov5

Никола Рачев (14. VI 1903 – ?) е истакнат деец на македонското национално револуционерно движење, еден од првите партизани во Пиринскиот дел на Македонија. Учествувал во Септемвриското востание во 1923 година, а во периодот од 1928 до 1934 година бил организатор на нелегална печатница и на организации и групи на ВМРО(Об) во Разлошко. Во текот на Втората светска војна, од 1942 до 1944 година бил секретар на Околискиот комитет на БКП за Разлошко, а од II до XI 1944 година и секретар на Окружниот комитет на БКП за Пиринскиот крај. Потоа бил пратеник во Народното собрание на НРБ.

Никола Рачев е роден на 14 јуни 1903 година во Разлошкото село Бања. Во 1921 година станал член на Бугарскиот комунистички младински сојуз. Помеѓу 1921 и 1926 година бил ученик во реалната гимназија во Разлог, а во меѓувреме учествувал во Септемвриското востание во 1923 година. По дебаклот на востанието, тој се обидел да ги обнови комунистичките организации во Мехомија (Разлог), Банско, Белица, Јакоруда и Бања.

Во текот на учебната 1926/1927 година, Рачев бил учител во Брежани, а во учебната 1928/1929 година учителствувал во Бања. Меѓутоа, поради комунистички активности бил отпуштен, па  одреден период се занимавал со земјоделство и во периодот од 1930 до 1941 година, работел како службеник во државната даночна канцеларија во Јакоруда, Бабјак, Белица, Карлово, Банско и во Самоков.

Во меѓувреме, во периодот 1928 - 1934 година Никола Рачев организирал групи на ВМРО (обединета) во Разлошкиот округ. Служи како врска на локалната организација со централното раководство на ВМРО (обединета). Тој бил прогонуван од ВМРО, па побегнал во Софија, каде организирал илегална печатница. Во 1932 година станал член на БКП, а од 1937 година бил член на Реонскиот комитет на БКП во Јакоруда.

За време на Втората светска војна, Рачев учествувал во Движењето на отпорот. Заедно со Никола Парапунов, Константин Кантарџиев, Крум Радонов, ја создадоа во јули 1941 година Разлошка чета. Учествувал во набавка на оружје од пробиената линија Метаксас. Од август 1941 година бил член на Окружниот комитет на БКП во Разлог, а од март 1942 година негов секретар. Помеѓу февруари и ноември 1944 година, тој бил секретар на Окружниот комитет на БКП во Горна Џумаја. Од февруари 1944 година бил политички комесар на Четвртата Горноџумајска  востаничка оперативна зона.

По превратот на 9 септември 1944 година, Никола Рачев бил политички комесар на гардиските единици и секретар на Обласниот комитет на БКП во Горна Џумаја. Областен началник на МВР - Горна Џумаја (февруари 1945 – 1951) и потоа заменик началник на IV одделение (Транспортна служба) на Државната безбедност на Народната милиција во Софија (1951 – февруари 1952). Во периодот 1952-1958 година бил началник на Централната управа „Противпожарна заштита“ при МВР. Потоа заземал и други високи функцци, а во еден мандат  бил пратеник во Народното собрание на НРБ.

1Tihomir Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

ДУИ стана бренд на криминалот

Ковачки: ДУИ стана бренд на криминалот, криминална структура која не му мисли добро на сопствени...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.