Македонски легенди

Никола Рачев – Војводата

1kov5

1kov5

Никола Рачев (14. VI 1903 – ?) е истакнат деец на македонското национално револуционерно движење, еден од првите партизани во Пиринскиот дел на Македонија. Учествувал во Септемвриското востание во 1923 година, а во периодот од 1928 до 1934 година бил организатор на нелегална печатница и на организации и групи на ВМРО(Об) во Разлошко. Во текот на Втората светска војна, од 1942 до 1944 година бил секретар на Околискиот комитет на БКП за Разлошко, а од II до XI 1944 година и секретар на Окружниот комитет на БКП за Пиринскиот крај. Потоа бил пратеник во Народното собрание на НРБ.

Никола Рачев е роден на 14 јуни 1903 година во Разлошкото село Бања. Во 1921 година станал член на Бугарскиот комунистички младински сојуз. Помеѓу 1921 и 1926 година бил ученик во реалната гимназија во Разлог, а во меѓувреме учествувал во Септемвриското востание во 1923 година. По дебаклот на востанието, тој се обидел да ги обнови комунистичките организации во Мехомија (Разлог), Банско, Белица, Јакоруда и Бања.

Во текот на учебната 1926/1927 година, Рачев бил учител во Брежани, а во учебната 1928/1929 година учителствувал во Бања. Меѓутоа, поради комунистички активности бил отпуштен, па  одреден период се занимавал со земјоделство и во периодот од 1930 до 1941 година, работел како службеник во државната даночна канцеларија во Јакоруда, Бабјак, Белица, Карлово, Банско и во Самоков.

Во меѓувреме, во периодот 1928 – 1934 година Никола Рачев организирал групи на ВМРО (обединета) во Разлошкиот округ. Служи како врска на локалната организација со централното раководство на ВМРО (обединета). Тој бил прогонуван од ВМРО, па побегнал во Софија, каде организирал илегална печатница. Во 1932 година станал член на БКП, а од 1937 година бил член на Реонскиот комитет на БКП во Јакоруда.

За време на Втората светска војна, Рачев учествувал во Движењето на отпорот. Заедно со Никола Парапунов, Константин Кантарџиев, Крум Радонов, ја создадоа во јули 1941 година Разлошка чета. Учествувал во набавка на оружје од пробиената линија Метаксас. Од август 1941 година бил член на Окружниот комитет на БКП во Разлог, а од март 1942 година негов секретар. Помеѓу февруари и ноември 1944 година, тој бил секретар на Окружниот комитет на БКП во Горна Џумаја. Од февруари 1944 година бил политички комесар на Четвртата Горноџумајска  востаничка оперативна зона.

По превратот на 9 септември 1944 година, Никола Рачев бил политички комесар на гардиските единици и секретар на Обласниот комитет на БКП во Горна Џумаја. Областен началник на МВР – Горна Џумаја (февруари 1945 – 1951) и потоа заменик началник на IV одделение (Транспортна служба) на Државната безбедност на Народната милиција во Софија (1951 – февруари 1952). Во периодот 1952-1958 година бил началник на Централната управа „Противпожарна заштита“ при МВР. Потоа заземал и други високи функцци, а во еден мандат  бил пратеник во Народното собрание на НРБ.

1Tihomir Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top