Македонски легенди

Трајче Грујоски

1ata190

1ata190

Трајче Грујоски – Павле (19. Ⅷ 1921 – 17. VII 2016) е македонски партизан, еден од организаторите на НОБ во Битолско, политичар, судија и униферзитетски професор. Бил борец на партизанскиот одред „Јане Сандански“ (1942), инструктор на партизанскиот одред „Вичо“ (1943), член на Вториот областен комитет на КПМ (1943) и заменик-политички комесар на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ. По ослобувањето заземал низа важни општествени функции и бил универзитетски професор.

Трајче Грујоски е роден на 19 август 1921 година во леринското село Раково, Егејскиот дел на  Македонија. Но, набрзо потоа семејство се преселило во Битола. Таму Трајче завршил основно и средно образование. Во 1938 година станал член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ) и бил раководител на средношколските организации во Битола. Од 1940 година бил член на КПЈ, а од 1941 година е член на Месниот комитет на СКОЈ за Битола.

Тој е еден од организаторите и првоборците на  Народноослободотелната и антифашистичка војна на Македонија. Во 1942 година се вклучил во Битолскиот народноослободителен партизански одред „Јане Сандански“, а потоа бил инструктор Леринскиот партизански одред „Вичо“. Во 1942 година бугарските власти во отсуство го осудиле на 15 години затвор, која пресуда подоцна била заменета со смртна казна.

Од 1943 година е политички комесар на Битолскиот партизански одред „Гоце Делчев“. Истата година станал член на Вториот областен комитет на КПМ и заменик политички комесар на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ. Од јули 1943 година бил испратен на илегална позадинска задача во Битола, каде што останал до крајот на војната.

По Втората светска војна дипломирал на Правно-економскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Подоцна ја одбранил докторската дисертација за економско-социјалниот развој на Битола. Станал редовен професор на Економскиот факултет во Скопје и Прилеп.

По војната Т. Грујовски заземал голем број важни општествени функции. Бил претседател на Општинскиот народен одбор на Битола, и на Собранието на Битолската околија. По заминувањето од Битола за Скопје бил избран на функциите: секретар и пот-претседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ.

Како правник бил доста ценет поради што бил избран за судија во Уставниот суд на Македонија. синдикален секретар (министер) за законодавство. и организација на власта на Југославија. Бил член на Извршниот комитет на Сојузот на Југославија. Еден мандат бил претседател на Сојузот на борците во РМ, како и др. функции.

Автор е на повеќе од 50 трудови од научен карактер, како и бројни историски записи, белешки, мемоари и др. вид. Позначајни изданија му се: „Битола – дејство на основните фактори врз општествено-економскиот развиток“ (Битола, 1971 г.), „Делегатскиот систем како облик на социјалистичката демократија“ (1981, Скопје), „Општествениот, економски и политички систем на СФРЈ“; „Економика и комуна“; „Битола на мојата младост“ (1987, Битола) „Времиња, луѓе…“ авторски записи и согледувања…- 1944-2004“ (2004, Скопје,); „Распадот на поранешна СФРЈ“, студија и сведоштва (2003, Скопје). Носител е на „Партизанска споменица од 1941 г.“ Добитник е на бројни ордени за воени и други заслуги.

Трајче Грујоски – Павле починал на 17 јули 2016 година во Скопје.

(извор: „Значајни личносто за Битола“, 2007. Битола)

1Tiho3 подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top