Македонски легенди

Иван Радулов (револуционер)

1lu5

1lu5

Иван Радулов (1876 – 1942) е македонски деец и револуционер, член на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација. Гоце Делчев го примил во ТМОРО. Учествувал во групата која ја киднапирала американската протестантска мисионерка Елен Стоун во 1901 г. За време на Илинденското востание во 1903 г. Радулов бил војвода во Разложскиот крај. Со цел да се соберат средства за набавка на оружје и помош за населението, по задушувањето на востанието, бил испратен во САД, каде останал до крајот на животот.

Иван (Јонко) Марков Радулов е роден е во 1876 година во Банско, Пиринскиот дел на Македонија. Неговиот татко Марко работел како кираџија меѓу Солун, Сер и Софија, а понекогаш патувал за Будимпешта и Виена. Во 1892 година, Иван Радулов влегол во Американскиот колеџ во Самоков, кој го завршил во 1896 година.

Истата година се вратил во Банско, каде Гоце Делчев го примил во ТМОРО. По совет на Делчев, Радулов се вратил во Самоков и почнал да работи во печатницата на колеџот. Тој три години илегално печател револуционерни апели, кои се дистрибуирале во Македонија и во Одринско. Неговата родна куќа во Банско станала пункт на револуционерната организација и таму одседнувале војводи како Јане Сандански и Христо Чернопеев. Учествувал во групата која ја киднапирала американската протестантска мисионерка Елен Стоун во 1901 година.

Од јули до септември 1903 година, за време на Илинденското востание, Радулов бил војвода во Разложскиот крај. По поразот на востанието се префрлил во Бугарија и се населил во Лаџене, каде што татко му имал гостилница. Но, кон крајот на 1903 година се вратил во Банско.

На 26 декември 1903 година, Задграничното претставништво на TМОРО одлучило да го испрати во САД како официјално лице на Организацијата Иван Радулов и Константин Стефанов, брат на Катарина Цилка, киднапирана во афера “Мис Стон”. Нивна задача била иста како на Македонскиот комитет во Лондон, да ја промовираат револуционерната кауза и да соберат средства за Организацијата, потребни за набавка на оружје и за помош за населението.

По доаѓањето во САД, Радулов на крајот на март 1904 година учествувал во формирањето на американско – македонски комитет. Во него покрај Константин Стефанов (претседателот), Иван Радулов (благајник) и Алберт Сониксен (секретар), членови на Извршниот комитет биле: д-р Георги Чакалов, Георги Терзиев, Валтер Еванс и Јон Голдрејп.

Во изданието од 28 март 1904 година, „Њујорк Тајмс“ известува за формирањето на Американско-македонски комитет претходниот ден. Во написот се наведува дека претседателот Константин Стефанов добил писмо од сенаторот Хоар во кое се наведува дека македонската петиција е доставена до Сенатот на САД. Со оваа петиција се бара помош од Соединетите Американски Држави, Англија, Франција и Италија со која на Македонија и се гарантира хумано владеење и заштита од насилство. Во истиот напис, објавен е апел до американскиот народ, издаден од новосоздадениот Американско-македонски комитет:

„Нашата мисија во оваа земја е пред американскиот народ да ја поставиме вистинската причина за сегашната жална состојба во Македонија и да побараме од нив морална и материјална поддршка во нашата борба за толерантна егзистенција. Не сме тука за да ги промовираме политичките интереси на амбициозните државници – Македонците доволно долго страдаат од интригите на разни пропаганди поттикнати од себичната политика на странските сили – туку само за да ги претставуваме Македонците кои се борат за неповредливоста на своите домови.

Долгогодишните барања и апели не придонесоа ништо, а во некои случаи дури служеа и за влошување на односот на нашите угнетувачи. Ниту една надеж не останува освен да се прибегне кон оружје и самоодбрана. Секој борец во Македонија е човек доведен до очај од злосторствата извршени врз членовите на неговото семејство или од палењето на покривот над неговата глава. Не можеме долго да ја толерираме алчноста на митниците, корупцијата на државните службеници и негирањето дури и на најелементарното учество во владата. Но, кога нашите домови, нашите училишта и нашите цркви се претвораат во касарни за бруталната и неконтролирана турска војска, ние сме доведени во очај и ги претпочитаме ужасите со крај наместо ужасите без крај…”

Меѓутоа, новоформираниот комитет дошол во конфликт со дотогашните претставници на ВМОК во САД, д-р Станислав Шумков и Светозар Тонжоров. Поради конфликтот, изостанале очекуваните резултати – да се соберат средства со кои би де вооружиле 50.000 востаници, како и средства за помош за населението. Иако активноста на американско македонски комитет набрзо престанал, тој ја одиграл својата улога. Тој ја пропагирал каузата за правилно решавање на македонското прашање во САД, која веќе била светска сила.

По престанокот на активностите на американско македонски комитет, Константин Стфанов се вратил во Европа кон крајот на 1904 година, а Иван Радулов останал да живее во САД. Во следните години, живеел во Конектикат и Масачусетс.

Во 1910 година Радулов накратко се вратил во Банско. На враќање со себе го зел неговиот помлад брат Димитар кој бил прогонуван за револуционерна активност. Подоцна кај него дошол помладиот брат на Јонко Вапцаров – Георги Вапцаров, за кој се грижел Радулов.

Иван Радулов починал во 1942 година во САД.

1Tiho3 Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top