Македонски легенди

Баба Ванѓа

1aus4

                                           1aus4

Баба Ванѓа-Вангелија Гуштерова (31. I 1911 – 11.VIII 1996 година) попозната како Баба Ванѓа била јасновидка, која најголем дел од својот животот го поминала во областа Рупите во Пиринска Македонија. Била слепа од дете и неа и се препишувала моќта дека може да ја предвидува иднината. Во 70-тите и 80–тите  години на минатиот век, со своите предвидувања, била позната не само на Балканот и Источна Европа, туку и во целиот свет. И по нејзината смрт таа останала популарна. Иако живеела во Бугарија, по националност се изјаснила како Македонка.

Вангелија Пандева Гуштерова е родена на 31 јануари 1911 година во Струмица (во пасошот е запишан  датумот 3 октомври 1911 г., денот кога е евидентирано нејзиното раѓање), во семејството на Панде Сурчев. Таа била предвреме родена и првично и било дадено името Андромаха, кое било променето поради тоа што за таткото Пандо, деец на ВМРО, било премногу грчко. Мајката Параскева починала кога Ванѓа имала три години. Според Договорот од Букурешт во 1913 година, Струмица и била остапена на Бугарија и за време на Првата светска војна (1914 – 1915) нејзиниот татко бил мобилизиран од бугарската војска. Додека татко и бил отсутен, за неа се грижела нејзината сосетка. На крајот на војната, таткото се вратил жив и набрзо повторно се оженил. Нивниот живот продолжи во новото Кралство на Србите, Хрватите и Словенците (СХС), под кое потпадна Струмица по разграничувањето.

Меѓутоа, нејзиниот татко бил уапсен од тогашните власти на Кралството на СХС, наводно за пробугарска активност. Му бил конфискуван имотот и семејството западнало во сиромаштија, поради што во 1923 година се преселило во Ново Село, каде живеле извесно време. Ванѓа која во своето детство не покажувала никакви особеност, таму ненадејно ослепела на 12 години, Видот го изгубила за време на страшна бура. кога силен ветер ја кренал во воздух и ја фрлил во блиското поле. Откако времето се смирило, таа била пронајдена повредена, речиси закопана во куп прашина и песок. Оттогаш, нејзините очи останаа засекогаш затворени. Лекарите не можеле да и помогнат. Наводно, две операции во Скопје и една во Белград немале ефект.

Во 1925 година, Ванѓа била однесена во „Домот за слепи“ во Земун, каде што поминала три години. Македонката била запишана во Домот под српско име и презиме, како Анѓелија Тасиќ.

Ванѓа таму учела да чита Брајово писмо, да свири на пијано, да плете, готви и чисти. Но, по смртта на нејзината маќеа, татко и ненадејно дошол по неа во 1928 година и ја вратил дома во Струмица; за да се грижи и да ги воспитува своите помали браќа и сестри. Таткото на Ванѓа починал во 1940 година, по што таа паднала во голем транс и изговорила многу пророштва.

Ванѓа стана позната во годините на Втората светска војна, кога Југославија била нападната и распарчена, а Струмица била припоена кон Бугарија. Многу луѓе, верувајќи во нејзината способност, ја посетувале надевајќи се дека ќе дознаат дали нивните роднини се живи или каде загинале. Во мај 1942 година, Ванѓа се омажила за Димитар Гуштеров, со кого непосредно пред бракот  се преселиле во Петрич. При издавањето на нејзиниот бугарски пасош јасно е наведено дека таа по националност е Македонка.

По Втората светска војна, бугарската полиција и комунистичката партија се обиделе да ги потиснат активностите на Ванѓа, но неа продолжиле да ја посетуваат луѓе. Нејзиниот маж починал во 1962 година, а власта согледувајќи дека има корист од нејзината активност, ја намалиле полициската контрола.  Таа дури била вработена во општина Петрич и во Институтот за сугестологија (дел од Бугарската академија на науките), каде се обидувале научно да ги оправдааат нејзините активности.

Ванѓа се зближила со ќерката на Тодор Живков – Људмила Живкова, која фасцинирана од окултизмот одржувала контакти со Ванѓа од почетокот на 70-тите години на 20 век. Оттаму, Ванѓа уживала во заштитата на комунистичките власти. Како што растела нејзината слава, голем број странски и бугарски политичари почнале да ја посетуваат Ванѓа.

Членовите на Политбирото на Бугарската комунистичка партија и водечките интелектуалци исто така се консултирале со неа, вклучувајќи го, наводно, и генералниот секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз Леонид Брежњев. Со неа работеле и службениците на државната безбедност на Бугарија.

Се верува дека околу еден милион луѓе побарале помош од неа. Во 1990-тите, во Рупите била изградена црква со пари оставени од нејзините посетители.

Слепата јасновидка предвидела некои важни настани:

Втората светска војна, бомбардирањето на Белград на 6 април 1941 година, смртта на бугарскиот император Борис, земјотресот во Скопје, смртта на Сталин, распадот на Советскиот Сојуз, Чехословачка и Југославија; катастрофата во Чернобил, нападите на 11 септември, победата на Путин и т.н.

Ванѓа ги објаснува необичните способности што и се припишуваат со присуството на посебни невидливи суштества околу неа чие потекло не можела да го објасни. Таа исто така споделила и за постоењето на вонземски раси кои исто така ја населувале Земјата.

Ванѓа почина на 11 август 1996 година во Софија. Таа била погребана до црквата Света Петка, во селото Рупите.

На Ванѓа постхумно и е доделена титулата почесен граѓанин на Петрич.

1Tiho3 Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top