Македонски легенди

Благоја Страчковски

1jpe4

1jpe4

Благоја Страчковски (29 II 1920 – 14. I 1943 ) е македонски комунист, учесник во НОБ и народен херој на Југославија. Од 1940 година бил член на СКОЈ и КПЈ. Ток е еден од  организаторите на оруженото востание во Велес и Велешко.  По формирањето на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ работел на неговото омасовување, а во септември 1942 г. се илегализирал и станал борец на Одредот. Бил именуван за комесар на чета. Учествувал во сите борбени судрувања со бугарската војска и полиција на велешкиот и на тиквешкиот терен. Во судир со бугарската полиција бил фатен и жестоко мачен, а потоа жив искасапен и закопан во касарната во Велес.

Благоја Миланов Страчковски е роден на 29 февруари 1920 година во Велес, во сиромашно работничко семејство. По завршувањето на основното училиште во Велес, почнал да бара работа. Како растел така почнал да работи и тешки физички работи како на пример: кршел камен, носел малтер и др. Станал член на синдикатот и се вклучил во нивната работа. Тој учествувал во штрајкови и демонстрации против власта.

Активноста на Благоја била забележана, па на почетокот на 1940 година станал  член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ), а на крајот на годината член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ).

По априлската војна во 1941 година и по влегувањето на бугарските окупатори во Велес, Благоја бил избран за член на Месниот комитет на КПЈ во Велес и за секретар на Месниот комитет на СКОЈ.

Во текот на целата зима 1941/1942 г. година Благоја одржувал контакти со соборците кои напролет требало да одат во партизанскиот одред. По формирањето на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ во април 1942 година, тој работел на неговото омасовување,

После одржаниот митинг во село Подлес Благој бил суден и интерниран во Бугарија. Поради сите овие активности и избегнувањето да служи на бугарската војска Благој во септември 1942 отишол во партизанскиот одред „Димитар Влахов“, каде станал политички комесар на Втората чета. Се истакнал во борбите на одредот, а во селата во кои влегувал четата одржувал говори во кои повикувал на народно востание и протерување на окупаторот.

Благоја учествувал во сите борбени судрувања на Одредот со бугарската војска и полиција на велешкиот и на тиквешкиот терен. Во декември 1942, бугарската окупаторска власт презела широки акции за разбивање на одредот, во кои паднале многу негови соборци, а некои се пробиле. Благоја на крајот останал без муниција и жив паднал во рацете на непријателот. Бил однесен во касарната во Велес каде бил мачен.

На 13 јануари 1943 година, бугарските војницу бесни на правокациите на Благоја дека партизаните ќе победат, како и од неможноста да извлечат информации од него, прво го закопале жив под земја, а потоа го откопале и го исечкале на парчиња. Истото го направиле и со татко му во касарната во Велес.

Со указ на претседателот на ФНРЈ, Јосип Броз Тито, на 11 октомври 1953 година е прогласен за народен херој.

(извор: М.Е. Скопје. 2009 година)

 1Tiho3 подготвил: Т.К

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top