Македонски легенди

Петар Хаџи Риндов

1fon5

1fon5

Петар Хаџи Риндов (22. VI 1879 – 1937) е учител, публицист и деец на ТМОРО и Македонската федеративна организација. Активно учествувал во македонската емиграција во Бугарија. Пишувал текстови за весникот „Македонска свест“. Подоцна учествувал во левичарската Македонска федеративна емигрантска организација (МФЕО). Во 1923 година ја објавил својата книга „Патот кон независноста на Македонија и смирувањето на Балканот“.

Петар Хаџи Риндов е роден на 22 јуни 1879 година во градот Ениџе Вардар, Егејскиот дел на Македонија, во унијатското семејство на Хаџи Христо Петров Стафидов и Екатерина Дуванџиева, Негов брат бил Костадин (Кочо) Хаџи Риндов.

Во јуни 1901 година Хаџи Риндов завршил VII одделение на битолската класична гимназија. Станал учител, а во исто време се занимавал со револуционерни активности како член на ТМОРО. Извесен период бил секретар во четата на Лука Иванов.

По поразот на Илинденското востание во летото 1903 година, Хаџи Риндов со семејството се населил во Солун. По Младотурската револуција од 1908 година бил назначен за учител во Ениџе Вардар. Тој бил меѓу основачите на Народната федерална партија (1909-1910).

По промената на политиката на младотурската влада, која започнала со ликвидација на националните организации, Петар Хаџи Риндов бил прогонуван од властите. Во мај 1910 година, во Ениџе Вардар биле уапсени и обвинети за револуционерна дејност учителите Петар Хаџи Риндов и Григор Гешев, како и 6 граѓани. По големото поткупување од неговиот татко, Петар бил ослободен, по што со семејството побегнал во Бугарија.

Се населил во Видрар, Трнско, каде што бил учител една година. При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, доброволно се пријавил во Македонско-одринско ополчение. Прво бил во четата на Тодор Александров, а потоа во четата за подршка на 10 – тата прилепска дружина.

Од 1918 година Петар Хаџи Риндов е училишен инспектор во Пловдив. За време на градоначалничката функција на Панајот Костов, од Костурско, Хаџи Риндов договорил да се населат македонски бегалци во пловдивскиот кварт Ќучук Париз (Малиот Париз).

Хаџи Риндов активно учествувал во македонската емиграција во Бугарија. Во март 1922 година, во Пловдив, тој се приклучил на новоформираното Федералистичко друштво, во кое беа вклучени и остатоците од старото Привремено претставништво на обединетата поранешна Внатрешна револуционерна организација. Пишувал текстови за весникот на Македонската федеративна организација „Македонска сознание“, кој се застапувал за посебноста на македонскиот народ и се залагал за формирање на федерација на југословенските народи. Весникот бил финансиран од страна на југословенската влада.

Подоцна учествувал во левичарската Македонска федеративна емигрантска организација (МФЕО). Учествувал како делегат од Пловдивското македонско братство на обединувачкиот конгрес на Македонската федеративна организација и Сојузот на македонските иселенички организации од јануари 1923 година. Во јули 1923 година бил избран во Управниот одбор на новооснованото добротворно друштво на македонската емиграција „Гоце Делчев“ со претседател Петар Ацев. Истата 1923 година Хаџи Риндов ја објавоч својата книга „Патот кон независноста на Македонија и смирувањето на Балканот“, во која меѓудругото ќе нашише „

„Македонија тој симбол на бодрост, творештво и борбен дух, таа лулка на просвета, љубов и братство и денес за срам на цивилизацијата – покрај лошата вековна и епска – уште стенка под тешкиот јарем на црното ропство. Таа е окована во тешките ланци од своите предаторски соседи, кои место благодарност, признание и сочуствување за жртвите поднесени  од неа пред олтарот на нивното ослободување, се мачат со сите средства да ја угушат и избришат од меморијата на историјата. Но тие несреќници, се мамат жестоко. Македонија нема да умре, таа ќе живее, зошто суднината ја предопределила да изигра една голема и сапсувачка улога во историјата на човештвото.“

Хаџи Риндов починал во 1937 година во Пловдив.

1Tiho3 подготвил: Т.К

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top