Македонски легенди

Васил Мончев

1zive4

1zive4

Васил Мончев (1847 – 1913) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација. Тој се преселил во Солун, каде неговите хотели Бошнак хан и хотел „Вардар“ станале центри на револуционерната организација. Тој бил најдоверливата личност на членовите на ЦК и нивните помошници

Мончев е роден во 1847 година во Прилеп. Работел како учител и книжар. Тој се преселил во Солун, каде станал член на Македонската револуционерна организација. Мончев бил меѓу првите покрстени члениви и неговите хотели „Бошнак хан“ и хотел „Вардар“ станале центри на Организација. „Бошнак хан“ одиграл историска улога како главно сврталиште на револуционерите во Солун, а Мончев бил најдоверливата личност на членовите на ЦК и нивните помошници.

Васил Мончев бил личноста која ги организирала средбите во неговиот хотел-ан на поистакнатите личности кои доаѓаа од покраинските градови со некои од членовите на Централниот комитет. Тој ги прифаќал и ги извршувал најделикатните задачи кои му биле доверени од Организацијата. Иако секогаш бил баран и вознемируван од Турците, Мончев знаел како да се справи со нив, секогаш одржувајќи смиреност и присебност. Тој пред нив велел дека ништо не знае и ништо не видел.

По Мелничкото востание во летото 1895 година, полицијата извршил претрес во Бошњак хан и во куферот на еден од гостите пронашле четириаголна плоска за ракија. Бидејќи таа им наликувала на бомба која можела да се наполни со експлозив, полицијата наместо вистинскиот сопственик на куферот, кој бил отсутен, го уапсила Мончев. Меѓутоа тој успеал со рушвет да издејствува свое ослободување.

За време на Солунската афера на почетокот на 1901 година, откако водачите биле затворени, Мончев се до неговото апсење, ги координирал активностите на Организацијата. На 19 февруари 1901 година било покренато обвинение против 19 членови на Организацијата меѓу кои Христо Татарчев, Христо Матов, Пере Тошев, Васил Мончев и др. Тие биле обвинети дека од Солунскиот, Битолскиот и Скопскиот вилает сакале да основаат самостојна македонска држава, односно воспоставување на автономна власт во Македонија. Но, поради недостиг на докази Мончев бил ослободен.

Постепено Васил Мончев се повлекол од револуционернорто дело, но неговото место било пополнето од неговите синови  Георги, Борис и Петар Мончев.

За време на Втората балканска војна, тој бил уапсен од грчките окупациски власти, прогонет на островот Трикери, каде што починал во ноември 1913 година.

1Tiho3 Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top