Македонски легенди

Крум Зографов

1slb555

1slb555

Крум Зографов (1884 – 4.V.1922) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација и на Македонската федеративна организација. Во декември 1912 година Зографов учествувал на средбата на македонските дејци во Велес, организирана од Димитар Чуповски, на која било решено да се испратат претставници на конференцијата во Лондон, како и во Париз за да се борат за зачувување на целовитоста на Македонија.

Крум Нацев Зографов е роден во 1884 година во Велес. Завршил трето одделение. По професија бил часовничар. Во 1903 година учествувал во Илинденското востание а по востанието во 1904 година бил на чело на Велешкиот окружен револуционерен комитет на Македонската револуционерна организација. Од 1907 година бил четник на Иван Наумов Аљабакот и учествувал во битката на врвот Ножот.

Во Првата балканската војна (8.X.1912 – 30.V.1913), Зографов учествувал како командант на партизанска чета на Македонско-одринското ополчение. Во декември 1912 година зел учество на средбата на македонските дејци во Велес, организирана од Димитар Чуповски, на која било решено да се испратат претставници на конференцијата во Лондон, како и во Париз за да се борат за зачувување на целовитоста на Македонија.

Зографов потоа учествувал на страната на бугарската армија во Втората балканска војна (29.VI.1913 – 10.VIII.1913) и во Првата светска војна (28.VI.1914 – 11.IX.1918).

По завршувањето на Првата светска војна тој бил меѓу противниците на Тодор Александров и во 1920 година бил избран за раководство на Илинденската организација, а во 1921 година влегува во ЦК на Македонската федеративна организација.

На почетокот на 1922 година учествува на помирувачки состанок во Тирана со членот на ЦК на ВМРО Александар Протогеров. Федералистите Филип Атанасов, Павел Христов, А. Василев, Христо Цветков и Крум Зографов стапиле во контакт со Александар Протогеров, за да воспостават примирје и соработка помеѓу федералистите и автономистите како и привлекување на албанските револуционери кон македонското револуционерно движење

По одбивањето на Тодор Александров да го прифати помирувањето потпишано од Протогеров, Зографов со чета од 50 луѓе, влегол во Источна Македонија, со цел да ја преземе контролата врз структурите на ВМРО. Меѓутоа, четата на Зографов била предадена на српските власти, а во престрелката што следела, самиот Зографов бил убиен кај селото Кошево.

1Tiho3подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top