Македонски легенди

Михаил Ракиџиев

1brk4

1brk4

Михаил Ракиџиев (1878 – 1935) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација (МРО). Во 1901 година, Гоце Делчев престојувал ви неговата куќа во Битола, во која се одржало советување со Никола Русински, Јордан Пиперката и други битолски војводи. Од 1904 година бил член на Битолскиот ОРК на МРО и реонски началник на Ѓавато со околината. Во 1905 година бил осуден на 5 години затвор во Битола, но бил ослободен по Младотурската револуција.   

Михаил Ракиџиев е роден во 1878 година во Битола. Се занимавал со трговија. Подоцна влегол во МРО. Во 1901 година, Гоце Делчев престојувал во домот на тогашниот началник на Реонскиот комитет на МРО во Битолско, Михаил Ракиџиев. Главната негова цел при овој престој му била да се сретне со неговиот сакан другар и соработник Даме Груев, основоположникот на ТМОРО, кој во овој период се наоѓал во Битолскиот централен затвор.

Во Битола останал два месеца, а за тоа време, во битолскиот затвор отишол во посета на војводата Даме Груев и остварил други средби со истакнати припадници на револуционерната организација. Се сретнал со Никола Русински, Јордан Пиперката и други битолски војводи. На заминување, во знак на благодарност, Гоце му подарил пиштол на Ракиџиев,

Во 1904 година Ракиџиев бил избран за член на Битолскиот окружен револуционерен комитет на МРО и истовремено бил реонски началник на Ѓавато со околината.

Во 1906 година бил уапсен за време на Аферата Лигушев, а подоцна бил во затвор, но бил амнестиран по Младотурската револуција од јули 1908 година. Иако неговото здравје многу се влошило додека бил во затвор, по амнестијата тој продолжил да се занимава со револуционерна активност. Во овој период Ракиџиев одржувал блиски врски со левичарските дејци на македонското ослободително движење, не криејќи ги своите антипатии кон десницата.

По Балканските војни останал на териториите окупирани од Србија. Во Првата светска војна, откако силите на Антантата ја зазеле Битола во 1916 година, тој бил насилно протеран од градот. По војната се вратил во Битола.

Михаил Ракиџиев починал во Битола во 1935 година.

На 4 мај 1988 година, на годишнината од загинувањето на Гоце Делчев, во куќата на Ракиџиев, во која престојувал Гоце во 1901 година, бил отворена постојана музејска поставка. Пиштолот кој Гоце во знак на благодарност на заминување му подарил на Ракиџиев, и кој како реликвија се пренесувал од генерација на генерација, бил вреден експонат во куќата музеј. Во 2015 година, музејот бил ограбен, а во 2016 година, спомен – куќата била затворена заради конзерварорски-реставраторски зафати, како и обновување и осовременување на поствката.  

1Tiho3 Подготвил: Т.К

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top