Македонски легенди

Тодор Циповски – Мерџан

1blc4

1blc4

Тодор Циповски – Мерџан (16. XI 1920 – 19. IX 1944) е македонски партизан, првоборец и народен херој. По априлскиот напад врз Кралството Југославија во 1941 г., активно учествувал во собирање на оружјето и организирање на народноослободителното движење  (НОД). Во 1942 г. бил назначен за секретар на Окружниот комитет на КПЈ за делот на Македонија окупиран од Италија. На 19. VIII 1943 г., во неговата куќа била одржана Првата седница на ЦК на КПМ. Од септември 1943 г. е секретар на првиот Областен комитет на КПМ за Западниот дел на Македонија, а од октомври 1943 г. е член на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и потоа бил делегат. Загинал во борба со балистите.

Тодор Циповски е роден на 16 ноември 1920г. во Тетово, во сиромашно занаетчиско семејство. По основното училиште, завршил вечерно трговско училиште во Белград. Потоа почнал да работи и да го учи сликарскиот занает. Откако како работник печалбар се истакнал во демонстрациите против тогашните власти, тој во 1940 г. бил примен за член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ). Во почетокот на 1941 г., по 27-мартовските демонстрации во Белград бил уапсен од белградската полицијата.

По капитулацијата на Југославија во април 1941 г. Тодор бил пуштен од затвор и се вратил во Македонија. Се преселил во веќе окупираното Скопје и таму се вклучил во партиска работа, организирајќи собирање оружје за востанието. Во јануари 1942 г. поради неговата активност бил примен во Комунистичката партија на Југославија (КПЈ).

Од Скопје бил распореден да врши илегални партиски работи во Тетово. Во јули 1942 г., Тодор станал член на Окружниот комитет на КПЈ за Западна Македонија, кој бил под италијанска окупација. Кон крајот на 1942 година станал секретар на Окружниот комитет. Пролетта 1943 година има големи заслуги во формирањето на мавровските и тетовските партизански одреди.

Како секретар на Тетовскиот окружен комитет бил организатор на првиот состанок на ЦК на КПМ во Тетово на 19 март 1943 година.

Во јуни 1943 година паднал во рацете на италијанската полиција. Бил подложен на тортура, но ништо не признал. Веднаш по капитулацијата на Италија во септември 1943 година, станал секретар на Реонскиот комитет на КПМ со седиште во ослободениот Дебар. Често одеше на терен и работеше на зајакнување и проширување на Народноослободителното движење.

Од октомври 1943 г. Тодор е член на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и во август 1944 г. бил делегат на Првото заседание на АСНОМ.

На 19 септември 1944 година Тодор бил на теренот на Горња Река со помала група дејци. Кога влегле во селото Беличица, набрзо тоа било опколено со силни балистички сили. Во борбата што следела, бранејќи го селото загинале 19 партизани од Третиот тетовски партизански одред. По борбата балистите убиле 17 жени, деца и старци, а потоа го запалиле селото до темел.  Четвораци партизани биле заробени, од кои двајца биле стрелани два дена потоа во Тетово.

Меѓу загинатите партизани бил и Тодор Циповски Мерџан. Со указ на Президиумот на Народното собрание на ФНРЈ, на 5 јули 1951 година е прогласен за народен херој.

1Tiho3Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top