Среда, 17 Април 2024    PDF Печати Е-пошта
Гоце Стојчевски – Амбарче

1kurt41

Гоце Стојчевски – Амбарче (26. XI 1919 – 19. IX 1944) е македонски партизан, народен херој. Бил учесник во народноослободителното движење од 1941 година. Во борбата со балистички сили кај с. Шипковица во 1943 година бил ранет, заробен и спроведен во затворот во Тирана. По капитулацијата на Италија избегал, се вратил во Македонија и се приклучил на партизански одред. Загинал во борба со балистите и бил прогласен за народен херој на Југославија.

Гоце Стојчевски е роден на 26 ноември 1919 година во Тетово, во занаетчиско семејство. Основно училиште и две одделенија гимназија завршил во родниот град. Неговиот татко Илија бил уапсен од властите на Кралството Југославија, бидејќи јавно ја истакнал својата македонска националност.

Во 1939 година револуционерното младинско движење во Тетово добива поголем замав. Во овој период Гоце беше меѓу поактивните младинци. Тој бил избран за библиотекар на младинската читална. Во јули 1940 година бил примен за член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ), а веднаш потоа станал член на Месниот комитет на КПЈ за Тетово. Во првите месеци од 1941 година станал секретар на Месниот комитет на КПЈ.

По  априлската војна во 1941 година и окупацијата на Кралството Југославија, Гоце како секретар на партијата, одржувал врска меѓу Тетово и Скопје, преку границата меѓу италијанската и бугарската окупациска зона. Исто така, работел и на подготовка на вооружено востание во неговиот регион. Неговиот дом станал место каде се собирале прокомунистички ориентирани луѓе од Тетовско.

Во јули 1941 година, Гоце заминал за Скопје на консултации со партиските лидери. Тој со себе носел незаконски матерјал (леток) и бил фатен на граница. Гоце бил вратен во станицата за карабинери во Тетово, каде што бил подложен на тортура, но ништо не признал. Тој бил спроведен од Тетово до Тирана.

По неколку месеци Гоце излегол од затвор. Се вратил во Тетово, каде продолжил  со партиска работа. Во тоа време во Тетово престојувал Кузман Јосифовски кој му помагал на Гоце во работата. Првата задача била да се формира партизански одред. На почетокот на април 1942 година бил формиран мал одред, на кој Гоце бил политички комесар на одредот.

Одредот кој имал недоволно вооружени луѓе  набрзо бил нападнат од силни непријателски сили и разбиен. Во борбата со балистички сили кај село Шипковица  во 1943 година Гоце бил ранет, заробен и повторно бил одведен во Тирана, каде што е осуден на петнаесет години затвор. Тој бил во затвор до капитулацијата на Италија во септември 1943 година. По излегувањето од затвор се вратил во Тетово, каде што учествувал во политичка работа до март 1944 година. Потоа се вклучил во партизанските единици во Кумановско.

Во пролетната офанзива на македонските партизански единици, Гоце кој бил политички комесар на чета се истакнал во борбите. Во август 1944 година, поради прифаќање на нови борци, повторно бил испратен во Тетовско.

Но, на 19 септември 1944 година, во близина на селото Беличице, неговата група наишла на заседа и за време на борбата со балистите, Гоце Стојчевски – Амбарче загинал.

На 11 октомври 1953 година е прогласен за народен херој на Југославија.

1Tiho3 Тихомир Каранфилов

 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.