Среда, 08 Мај 2024    PDF Печати Е-пошта
Петар Завоев

1nas5

Петар Завоев (20.VI.1880 – 19.II. 1969) е раскажувач, публицист и новинар од Македонија. По завршувањето на гимназијата во Солун заминал во Бугарија и работел како новинар во Пловдив. Подоцна се префрла во Софија, каде што ја издава својата книга „Писма од Македонија“.  Во својата работа се користел со повеќе псевдоними меѓу кои; Прохор Пчински, Гаврил Лесновски, Хаџи Еремија, Отински и др..

Петар Иванов Попов Завоев е роден на 20 јуни 1880 година во градот Штип. Првично учел во родниот град, а подоцна завршил Солунска машка гимназија. По завршувањето на гимназијата во Солун заминал во Бугарија каде што работел како новинар во Пловдив и Софија..

Завоев бил уредник на хумористични и информативни публикации - весниците „Пловдивска пошта“ (1903-1904) и „Бодил“ (1905) и на списанието „Нов свет“ (1904). Во 1905 година тој е еден од иницијаторите за формирање на новинарско друштво во Софија.

По Младотурската револуција, Петар Завоев заминал за Македонија, а впечатоците за населението и тамошниот живот ги вклучи во својата книга „Писма од Македонија“ (1916). Градовите кои Завоев ги посетил и за кои пишувал во своите белешки се Скопје, Велес, Штип, Солун, Битола, Прилеп, Ресен и Охрид. На самиот почеток од објавените писма, во писмото испратено до Златан од 23 јули 1908 година, Завоев ќе напише: 

„Конечно, мојот сон се оствари. На 22 –ри морав да заминам во Македонија. Ти и сите што дојдовте на железничката станица во Софија да ме испратите, видовте во каква возбуда зовре. Новата ситуација во Македонија ги намами Македонците кои живееја во Бугарија, да си заминат... И откако ја стегнав раката за да се поздравиме влегов во возот, се почувствував како полубог, радоста ми ја осветли душата и се чинеше дека ти остануваш. во пеколот, каде што ќе уживаш во моето страдање.“

Во овој период Петар Завоев ги редактирал списанието „Македонска ѕвезда“ (1909-1910) и весникот „Стрела“ (1911-1914).

За време на Балканската војна во 1912 - 1913 година служел како курир во 12. Лозенградски полк на Македонско-одринското ополчение. По окупацијата на Вардарска Македонија од Бугарија за време на Првата светска војна во 1915 година, се вратил во Македонија.

По војната бил меѓу уредниците на весникот „Ново време“ (1919 - 1923). Во јануари 1923 година учествувал како делегат од Штипското добротворно братство на обединувачкиот конгрес на Македонската федеративна организација и Сојузот на македонските иселенички организации. Истата година е еден од основачите на Македонскиот научен институт и претседател на Штипското добротворно братство.

Новинарската и научната работа на Петар Завоев е поврзана со секојдневието, со сегашноста и минатото во Македонија и пред сè - со неговиот роден крај Штипско. Пишувал фељтони, раскази, критики, историско-географски и етнографски белешки. Соработувал во многу хумористични и други публикации - весниците „Македонија“, „Литературен глас“, „Мир“, „Штурец“, „Зарја“, „Обзор“, списанијата „Македонски преглед“, „Татковина“ и др. Во својата работа се користел со повеќе псевдоними меѓу кои; Прохор Пчински, Гаврил Лесновски, Хаџи Еремија, Отински и др

По 1944 година Петар Завоев бил прогонуван од властите. Во периодот 1949–1953 година бил иселен во Ловеч.

Петар Завоев починал во 1969 година во Софија.

1Tiho3 copy copy Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Не отворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството

Македонскиот судско обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. ...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Култура и туризам

News image

Црско (Мало и Големо)

Од сите легенди и преданија за настанокот на селото и неговото име што се задржале во колективното п...

Фељтон

News image

Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ ПОЗНАТ МАКЕДОНЕЦ И ПРИЗНАТ ХИРУРГ (1)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II.

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.