Македонски легенди

Петар Завоев

1nas5

1nas5

Петар Завоев (20.VI.1880 – 19.II. 1969) е раскажувач, публицист и новинар од Македонија. По завршувањето на гимназијата во Солун заминал во Бугарија и работел како новинар во Пловдив. Подоцна се префрла во Софија, каде што ја издава својата книга „Писма од Македонија“.  Во својата работа се користел со повеќе псевдоними меѓу кои; Прохор Пчински, Гаврил Лесновски, Хаџи Еремија, Отински и др..

Петар Иванов Попов Завоев е роден на 20 јуни 1880 година во градот Штип. Првично учел во родниот град, а подоцна завршил Солунска машка гимназија. По завршувањето на гимназијата во Солун заминал во Бугарија каде што работел како новинар во Пловдив и Софија..

Завоев бил уредник на хумористични и информативни публикации – весниците „Пловдивска пошта“ (1903-1904) и „Бодил“ (1905) и на списанието „Нов свет“ (1904). Во 1905 година тој е еден од иницијаторите за формирање на новинарско друштво во Софија.

По Младотурската револуција, Петар Завоев заминал за Македонија, а впечатоците за населението и тамошниот живот ги вклучи во својата книга „Писма од Македонија“ (1916). Градовите кои Завоев ги посетил и за кои пишувал во своите белешки се Скопје, Велес, Штип, Солун, Битола, Прилеп, Ресен и Охрид. На самиот почеток од објавените писма, во писмото испратено до Златан од 23 јули 1908 година, Завоев ќе напише: 

„Конечно, мојот сон се оствари. На 22 –ри морав да заминам во Македонија. Ти и сите што дојдовте на железничката станица во Софија да ме испратите, видовте во каква возбуда зовре. Новата ситуација во Македонија ги намами Македонците кои живееја во Бугарија, да си заминат… И откако ја стегнав раката за да се поздравиме влегов во возот, се почувствував како полубог, радоста ми ја осветли душата и се чинеше дека ти остануваш. во пеколот, каде што ќе уживаш во моето страдање.“

Во овој период Петар Завоев ги редактирал списанието „Македонска ѕвезда“ (1909-1910) и весникот „Стрела“ (1911-1914).

За време на Балканската војна во 1912 – 1913 година служел како курир во 12. Лозенградски полк на Македонско-одринското ополчение. По окупацијата на Вардарска Македонија од Бугарија за време на Првата светска војна во 1915 година, се вратил во Македонија.

По војната бил меѓу уредниците на весникот „Ново време“ (1919 – 1923). Во јануари 1923 година учествувал како делегат од Штипското добротворно братство на обединувачкиот конгрес на Македонската федеративна организација и Сојузот на македонските иселенички организации. Истата година е еден од основачите на Македонскиот научен институт и претседател на Штипското добротворно братство.

Новинарската и научната работа на Петар Завоев е поврзана со секојдневието, со сегашноста и минатото во Македонија и пред сè – со неговиот роден крај Штипско. Пишувал фељтони, раскази, критики, историско-географски и етнографски белешки. Соработувал во многу хумористични и други публикации – весниците „Македонија“, „Литературен глас“, „Мир“, „Штурец“, „Зарја“, „Обзор“, списанијата „Македонски преглед“, „Татковина“ и др. Во својата работа се користел со повеќе псевдоними меѓу кои; Прохор Пчински, Гаврил Лесновски, Хаџи Еремија, Отински и др

По 1944 година Петар Завоев бил прогонуван од властите. Во периодот 1949–1953 година бил иселен во Ловеч.

Петар Завоев починал во 1969 година во Софија.

1Tiho3 copy copy Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top