Македонски легенди

Тодор Камчев

frl4

frl4

Тодор Камчев (1880 – 10. V 1961) е учител, македонски револуционер и тиквешки војвода на Македонската револуционерна организација. Камчев бил меѓу водачите на Тиквешкото востание и е еден од ретките македонски војводи и револуционери, кој целиот свој живот му го посветил на македонското дело.

Тодор Камчев е роден во 1880 година во Неготино, во сиромашно семејство. Татко му Камче бил мал земјоделец. Основно образование Тодор завршил во училиштето при соборниот храм „Свети Атанасиј“, а потоа продолжил во Штипската егзархиска гимназија. Таму бил регрутиран за член на Внатрешната македонска организација од учителот Трајчо Калајџиев,. Меѓу активности што ги вршел биле преносот на оружје и кореспонденцијата. По завршувањето на Штипската гимназија, бил примен да учи во Солунската машка гимназија, но поради финансиски тешкотии одбил. Почнал да учителствува во селата Барово (1898-1899) и Клиново (1899-1900), каде работел и на ширење на Организацијата.

Во 1901 година станал секретар на училишниот одбор во родниот град. Добри Даскалов го поставил Т. Камчев за војвода на месната чета, која имала за задача да ги помага македонските чети при поминување на реката Вардар. Со него, бил остранет капетанот (Усо Тимјанички) и предавникот Иљо Џунов, поради што турските власти започнале апсења во градот.

Во пролетта 1902 година пристигнала четата на Петар Јуруков која била помогната од четата на Т. Камчев. На почетокот на 1903 година, ја префрлил четата на Борис Сарафов во Битолско, која со себе носела 25 товари оружје. Во меѓувреме собирал средства за четата во Тиквешко.

Во пролетта 1905 година станал член на Тиквешкиот окружен револуционерен комитет. Во 1906 година ја избркал врховистичката чета на Тодор Оровчанов од Тиквешко. Со помош на рускиот офицер Николај Сурин, кој имал влијание врз Хилми-паша, го неутрализирал и растечкиот турски комитет во областа, кој вршел убиства на членовите на МРО.

По Младотурската револуција учествувал на митинг заедно со Енвер бег, а во 1909 година учествувал во основањето на Народна федеративна партија во Неготино.

По Балканските војни (1912 – 1913), Македонија е поделена, а турското било заменето со ново уште понеподносливо братско ропство. Според Мајски, Т. Камчев за делбата на Македонија ќе каже: „.. Тоа што правителствата на соседните балкански држави и го сторија на Македонија е историја, што ce знае и која Македонија за век и векови нема да ja заборави, зошто во случајот браќата ja ослободија од турско ропство и и наглавија братски јарем, откако претходно си ja поделија и ce погрижија да го денационализираат населението и да ja обезличат… Да го избришат од картата името МАКЕДОНИЈА, кое со векови не успеале да го избришат и кога денешна Македонија половина век води епски борби за своето ослободување и преку ИЛИНДЕН И КРУШЕВО го посочи спасителниот пат на своите БАЛКАНСКИ БРАЌА—НЕБРАКА за разумен политички, културен и стопански живот… Дали си прават сметка пре- стапниците, кои го бришат името на Македонија и го отфрлаат празнувањето на Илинден, оправдувајќи ce, дека тоа бил христијански празник и дека неговото дело било БУРЖОАСКО? Дали разбираат тие безумници каква тешка историска одговорносг им тежи на грбот и на нивната совест? Или тоа ce луѓе без совест и без национална гордост и сознание?“.

„Неговиот слоган гласеше: МАКЕДОНИЈА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ. МАКЕДОНИЈА НЕ Е СРПСКА, НИТУ БУГАРСКА, НИТУ ГРЧКА.“

По новата окупација на Македонија, Тиквеш останал под српска власт. Кога во средината на јуни 1913 година избувнало Тиквешкото востание (15. 06 – 25.06.1913), Тодор Камчев бил назначен за член на Главниот штаб. Востаниците немале поддршка и востанието било задушено набргу по неговото избувнување. По задушувањето на востанието, Т, Камчев се повлекол во Бугарија. Но набргу потоа бил амнестиран и се вратил во Кавадарци.

По завршувањето на Првата светска војна со целото семејство се преселил во Бугарија. По 1920 година бил службеник во Македонската народна банка во Софија. На 25 февруари 1927 година го иницира создавањето на Тиквешкото македонско добротворно братство.Во септември 1934 година, како претставник на Тиквешкото македонско братство, потпишал протестен протокол против Деветнаесетти мајски пуч.

Починал на 10 мај 1963 година во Софија.

(Извор:https://www.zirm.mk/wp-content/uploads/2022/02/IST-1985.2.11-Stoichkovski-B.-Revolucionernata-i-ucitelskata-dejnost-na-Todor-Kamchev.pdf)

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top