Македонски легенди

Трајко Желевски

3

3

Трајко Желевски (1875 – јуни 1923) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација. По Илинденското востание, од 1904 година до 1908 година, бил помошник на реонскиот војвода Христо Цветков во Костурско. Учествувал  во двете балкански и Првата светска војна. По потпишувањето на Мајскиот манифест во 1923 година и последователното братоубиство, тој бил убием заедно со Тома Желински.

Трајко Тодоров, познат како Желевски, е роден во 1875 година во костурското село Желево, Егејскиот дел на Македонија. Се стекнал со основно образование. Во 1898 година влегол во Македонската револуционерна организација, а од 1900 година бил четник на Пандо Кљашев и Митре Влаот

По Илинденското востание од 1904 година до Младотурската револуција во 1908 година, Траико Желевски бил помошник на реонскиот војвода Христо Цветков во Костурско. Тој за свое подрачје на дејствување ја има околината на родното село и го придружувал Христо Цветков на неговите обиколки во Костенаријата.

По Хуриетот Трајко Желевски работел во Торонто, Канада. Но по избувнувањето на Првата балканска војна, преку тамошното Македонско братство, војводите Панде Сидов и Трајко Желевски собрале преку шеесет доброволци, со кои во октомври преку Грција заминале за Македонија.  Претходно во Грција се вооружиле и по доаѓањето Костурскиот крај учествувале во одземање на оружјето од турското  население и во борбите против Отоманската империја. На крајот на војната Желевски се вратил во родното село, но по обидот на грчките војници да го разоружаат, побегнал во Бугарија.

За време на Втората балканска војна во 1913 година бил во Здружената партизанска чета на Васил Чекаларов, која се борела со грчките трупи. Учествувал во Првата светска војна. Служел во 85-от пешадиски полк.

По потпишувањето на Мајскиот манифест во 1923 година и последователното братоубиство, тој бил застрелан заедно со Тома Желински во јуни истата година во Асеновград, Бугарија.

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top