Македонски легенди

Славка Динкова

3 copy

3 copy

Славка Динкова (1848 – 19. IV 1869) е културно просфетен деец, прва позната учителка, новинарка и феминистка во Македонија.  Славка го водела првото женско училиште „на нашиот прероден мајчин јазик“ (1866–1868) и објавувала феминистички статии во весникот „Македония“ (1868).Таа со својата дејност оставила силен белег во времето во кое живеела и помогнала за надминување на препреките во однос на женското образование.

Славка Костадинова Динкова е родена во 1850 година во Солун во семејството на истакнатиот преродбеник Константин (Динката) Држилов и неговата сопруга Велика, со потекло од Охрид. Семејството Динкови –Држиловци, кое потекнувало од селото Држилово, Негушко, Егејскиот дел на Македонија, со цел да се спречи грчкото влијание, во средината на 19 век отвориле книжарница и печатница, како и училиште на народен јазик во Солун. За ова се заслужни браќата Кирјак и Константин Држилович (Динката), татко на Георги и Славка Динкова.

Славка рано започнала да се образува. Учела во грчко училиште, кое го завршила на дванаесет години, а веќе наредната се запишала во француско училиште на милосрдните сестри, кое го завршила за две години. Така покрај грчкиот одлично го владеела и францускиот јазик. Со помош на нејзиниот брат Георги се стекнала и со писменост на мајчин јазик.

Во 1866 година, поттикната од нејзината мајка Велика, Славка го отворила првото македонско женско народно училиште во мајчината куќа во Солун. Таа бесплатно ги обучувала своите ученици, со изучување на „мајчин јазик и грцкиј, со ракоделија“ (мајчин јазик, грчки и везење) Во однос на бројот на ученичките, првата година започнала со една, а завршила со три ученички. Втората година започнала со 13, а завршила со 30 ученички, додека, пак, третата година започнала со 28 ученички. Училиштето ја одржала првата прослава во Солун на празникот Свети Кирил и Методиј во Солун во 1868 година. Испитот за ученички се одржал по „чист македонско-бугарски јазик“.

Поради бесплатното образование, училиштето имало потреба од материјална помош и помош во книги и учебници. Најмногу пари вложило самото семејство Држилович и солунскиот шивачки еснаф. Одредена сума пари дале и некои граѓани од Велес, Битола и од Прилеп, како и самите ученици. По тој повод, Славка објавила благодарници до донаторите во весниците во Цариград.. „Во дописката од Динкова упатена до весникот Македонија, таа му се заблагодарила на  … г. Д. Х. Узунов, кој кога поминал низ градот, … го посетил новоотвореното училиште и подарил 25 букварчиња од неговите за да се употребуваат од сиромашни ученици“.

Во тоа време, Славка била единствената македонска учителка која активно се вклучила во преродбенско-просветителските активности на новоформираната македонска интелигенција. Активностите што ги презела таа ја направиле една од првите македонски преведувачки од француски и од грчки јазик, една од првите македонски учителки, прва жена новинар во Македонија и прва позната жена борец за еманципација на жените во Македонија.

Славка Динкова ги објавила своите ставови за образованието и воспитувањето на девојчињата. Испечатени се на страниците на весникот „Македонија“ во четири броја од 1868 година. Таа подготвувала книга, која се надевала дека ќе биде објавена, со различни мислења, вклучително и нејзините, за образованието на девојчињата. Пишува или преведува од француски педагошки материјали за образованието. Таа се спротивставувала на тезата дека на жените им треба само домашно образование или само основно знаење. Настојувала да го убеди конзервативното општество дека на мажите им требаат разумни жени да се грижат за нив, домот и воспитувањето на децата, па затоа морало да се развие сеопфатен систем за воспитување и образование на девојчињата.

Прераната смрт на Славка Динкова во мај 1869 година ја прекинала работата на училиштето – не работи од летото 1869 година и го одложило образованието на девојки во Солун за една деценија.

(извор:М.Е. Скопје, 2009, стр. 475:  https://spektar.edu.mk/sp/wp-content/uploads/2021/06/slavcho-koviloski-slavka-dinkova_s-literary-and-educational-engagement.pdf)

 1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top