Македонски легенди

Димитар Пандилов

222

222

Димитар Пандилов (1. III 1899 – 26. VII 1963) е македонски сликар, еден од најзначајните основоположници на македонската модерна уметност и најеминентен претставник на импресионизмот. Потекнувал од позната зографска фамилија. Ја приредил првата самостојна изложба на македонски модерен сликар во Скопје (1926). Работел масла, акварели и цртежи, а жанровски се определил за пејзажи, мртви природи, портрети, актови. Тој е еден од основачите на ДЛУМ. Загинал во Скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 година.

Димитар Пандилов Аврамовски е роден на 1 март 1899 година во Тресонче. Потекнувал од позната зографска фамилија. Тој е син на Пандил Аврамов, внук на Аврам Дичов и правнук на Дичо Зограф. Во 1924 година дипломирал на Државната художествена академија во Софија (Бугарија). Од 1927 до 1928 година престојувал во Париз и Монпелје.

До 1943 година живеел во селото Хајредин, Бугарија, каде работел како учител по цртање, а потоа се вратил во окупираната Македонија. По ослободувањето, Пандилов работел како ликовен педагог во Скопје. Тој е еден од основачите на ДЛУМ.

Димитар Пандилов ја приредил првата самостојна изложба на македонски модерен сликар во Скопје во 1926 година. Пред Втората светска војна самостојно излагал и надвор од татковината, во Ќуприја во 1926 година, потоа во Монпелје во 1928 година, како и во Софија во 1930, 1934 и 1937 година. По ослободувањето излагал во Скопје во 1956 и 1962 година, а  најголема ретроспектива ја имал во Музејот на современата уметност во Скопје во 1983 година.

Пандилов е првиот академски образован сликар кој раскинал со зографската традиција. Стилската ориентација на неговата мека, топла, лирска палета флуктуира меѓу поетскиот реализам и неоимпресионизмот. Работел масла, акварели и цртежи, а жанровски се определил за пејзажи, мртви природи, портрети, актови. Во овој дух се насликани неговите најзначајни дела: „Покрај вода“ (1925);  „Жетварки“ (1926); „Акт“ (1928); „Товарен воз“ (1950); „Есен“ (1951); „Вршидба“ (1951); „Жетва“ (1954).

Димитар Пандилов загинал во Скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 година.

Извор: М.Е. 1, стр. 7-8, Скопје 2009;

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top