Македонски легенди

Георги Мончев

3 copy copy

3 copy copy

Георги Мончев (1883 – 25. VIII 1913) е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација. За време на Илинденското востание учествувал во многу борби со османлиските чети како четник на Георги Сугарев или Дамјан Груев. Бил учесник во Првата и Втората балканска војна.

Георги Василев Мончев е роден во 1883 година во Прилеп. Тој е син на Васил Мончев и брат на Борис Мончев и Петар Мончев. Како дете со семејството се преселил во Солун. Во 1902 година ја завршил Солунската машка гимназија, каде што станал член на Македонската револуционерна организација.

За време на Илинденското востание учествувал во многу борби со османлиските чети како четник на Георги Сугарев. Македонскиот револуционер Георги Трајчев во својата книга „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.) пишува: „Манастирот „Св. Петар“ е нем сведок на настанитие околу него за време на Смилевскиот конгрес 1903 година, а „ако може да зборува, ќе ни раскаже за херојството и саможртвата на востанатиот македонски народ, кој под водство на Ѓорѓи Сугарев, Ѓакон Евстатиј, Георги Мончев и други, влезе во неравноправна борба со 12 илјадната армија на Бахтијар Паша…“.

По востанието Георги Мончев бил член на Солунскиот окружен револуционерен комитет. Во 1906 година, за време на Солунската афера, кога во рацете на властите случајно паднал дневникот на учителот Андреј Мацан, тој бил принуден да замине во Бугарија.

Од 1906 до 1908 година Георги Мончев бил четник на Александар Китанов и Гоце Меѓуречки. Учествувал како делегат на Ќустендилскиот конгрес. По Младотурската револуција во 1908 година, станал активист на Сојузот на бугарските конституциони клубови.

Во 1911 година бил четник во Кукушката чета. Во 1912 година бил уапсен и осуден на егзил. При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, Мончев раководел со партизанската чета бр. 27 од 10 четници на Македонско-едринското ополчение, која дејствувала во Кукушко и Солунско. Потоа служел во Втората чета на Петнаесеттиот штипска дружина, а за време на Втората балканска војна – во Здружената партизанска чета на МОО.

За време на Првата балканска војна, одред од 300 Македонци предводен од Сандански заедно со бугарската коњаничка група на мајорот Цонев, на 28 октомври 1912 година влегле во Солун. Истовремено, влегле и грчки трупи предводени од престолонаследникот Константин, а потоа влегла главнината на бугарската војска. Со главнината на бугарската армија, покрај командата на 7. Рилска дивизија пристигнале и кнезовите Борис и Кирил. Во нивното обезбедување, покрај бугарската војска, учествувале четите на Тодор Александров, Михаил Думбалаков, Георги Мончев, Дончо Златков и четници на Јане Сандански.

Георги Мончев бил ранет за време на одбраната на Кукуш на 26 јуни 1913 година, а по неуспешен обид да се самоубие, паднал во бесознание. Тој бил заробен пд Грците и однесен во болница каде бил отруен.

Георги Мончев починал од раните во Солун на 25 август (6 септември).

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top