Македонски легенди

Цветан Димов

1 copy copy copy

1 copy copy copy

Цветан Димов (5. III 1910 – 9. VII 1942) е македонски партизан, учесник во НОБ. Зел учество на илинденските демонстрации и на формирањето на Првиот скопски НОПО, а  потоа како секретар на МК на КПЈ во Скопје работел и на формирањето на Вториот скопски НОПО (17. IV 1942). По апсењето во почеток на јули, бил убиен во Обласната полициска управа. Прогласен е за народен херој на 26. јули 1945 година..

Цветан Димов е роден на 5 март 1910 година во Скопје, во сиромашно земјоделско семејство. По основното училиште учел за кројач. Во 30-тите години се истакнува во синдикалното движење во Скопје. Се разболел од туберкулоза и се лекувал во санаториум. По враќањето во Скопје станал познат во младинското револуционерно движење. Избегнал потера на полицијата која се обидела да го уапси.

Од 1928 година Димов бил синдикален активист, а за член на Комунистичката партија на Југославија бил примен во 1933 година. Комунистичките состаноци често се одржувале во неговиот дом во Чаир Махал. Исто така, Димов бил организатор на КУД „Абрашевиќ“ и член на Меѓуструковиот синдикален одбор на Скопје од 1936 година. Станал секретар на Покраинскиот комитет на „Црвената помош“ за Македонија во 1939 година.

Димов станал популарен под името Чаирчанец. Меѓутоа, поради лошата здравствена состојба, КПЈ не му дозволила да им се придружи на доброволците кои заминале да се борат во Шпанската граѓанска војна. Во Скопје се дружел со познати револуционери, како Кочо Рацин. Во неговата куќа се одржало советување на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Како член на Месниот комитет на Скопје бил одговорен за работа на село и за водење штрајкови.

Во периодот од 1936 до 1940 година Димов бил организатор на повеќе штрајкови. Познато е дека тој го предводеше големиот штрајк на металците во Скопје, кој успешно завршил по 40 дена. Слично било и со штрајковите на текстилните и чевларските работници. Во исто време бил и во раководството на „Народна помош“, а неговата дејност се протега и на техника на ПК.

По окупацијата на Кралството Југославија во 1941 година, Димов како истакнат партиски активист учествувал во подготовките за вооруженото востание, што резултирало со формирање на Првиот партизански одред на Скопје. Полицијата постојано го бркала, но тој не дозволил да биде фатен. Во текот на зимата 1941-1942 година бил задолжен да се грижи за бројни илегалци од внатрешноста кои биле скриени во Скопје.

Во летото 1942 година, кога како член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија отишол на состанок, бугарската полиција му влегла во трага и успеала да го фати. Храбро се држел  и покрај тортурата не кажал ништо. Бидејќи ништо не признал, на 9 јули 1942 година го фрлиле од прозорецот на вториот кат на тротоарот во дворот на полициската управа.

Со указ на Претседателството на Антифашистичкиот совет на народното ослободување на Југославија (АВНОЈ), на 29 јули 1945 година е прогласен за народен херој.

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top