Македонски легенди

Ангел Винички

94

94

Ангел Винички (1860 – 26. X 1902) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација. Заедо со Спиро Ампов и Ѓорѓи Јованчев го формирале Тајниот револуционерен комитет во Виница, кој бил меѓу првите комитети во Македонија.. Тој бил верен курир на Гоце Делчев, ја обезбедувал работилницата за изработка на бомби, која се наоѓала во село Саблер, и бил успешен организатор и пренесувач на оружје, писма ,телеграми и други материјали преку граница.

Ангел Димитров Винички е роден околу 1860 (или 1867 година) во Виница. Рано останал без татко и уште од деството бил познат како Ангел Божанин, по неговата мајка Божана. Завршил основно училиште во Виница.

Во 1893 година, Ангел баба Божанин Винички влегил во ТМОРО и заедо со трговците Спиро Ампов и Ѓорѓи Јованчев го формирале Тајниот револуционерен комитет во Виница, кој бил меѓу првите комитети во Македонија.

Во 1894 година, Ангел станал прекуграничен илегален курир во врска со граничниот пункт Ќустендил на МРО. Тој е првиот нелегален курир на Организацијата кој ја пренесувал поштата и ги преведувал членовите и организаторите на Организацијата. Исто така пренесувал муниција и оружје од работилницата за оружје во селото Саблер кај Кустенил, Република Бугарија. Муницијата ја пренесувал преку тајни канали низ Осоговијата до село Драгобрашта каде што бил и собирниот пунк на организацијата

По откривањето на аферата Виница во 1897 година, раководството на Организацијата: Спиро Ампов, Ѓорѓи Јованчев и Ангел Винички одлучиле Ангел да го премести оружјето од скривниците во Лески и Драгобраште во други скривници. Истовремено било одлучено од Виница да се изнесат сите материјали кои можат да компромитираат. За да извегнат апсење, Ѓорѓи Јованчев и Ангел Винички избегале за Бугарија. Винички се населил во Ќустендил, а потоа тајно го прибрал и своето семејство од Виница.

Во 1902 година Ангел Винички се приклучил на четата на С. Ганчев, која дејствувала во Кочанско. На 25 – 26 октомври четата била предадена во Драгобрашта и била опколена од турски војници. Ангел Винички и уште тројца четници ја продолжуваат битката додека петмина други четници ја пробиваат блокадата. За да не им даде трофеи во рацете на непријателот, пред да се убие, тој ги скршил пушките, револверите и камите на своите загинати соборци. Истовремено, на своите, им ги сечел алиштата, појасите и турбаните, им ги скршил часовниците. ги расфрлал парите што ги носеле и потоа си  забил една од скршените ками право во срцето.

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top