Среда, 04 Септември 2024    PDF Печати Е-пошта
Видое Смилевски - Бато

4 copy

Видое Смилевски - Бато (14. VIII 1915 - 8. IX 1979) е македонски комунистички деец, првоборец, народен херој и политичар. По Априлската војна бил секретар на ќелија, на реонски комитет, член на МК и на Окружниот комитет на КПЈ во Белград. Во 1944 година бил упатен на партиска работа во Македонија. Бил учесник на Првото заседание на АСНОМ. Во три наврати беше претседател на Президиумот на Република Македонија, односно на Претседателството на Република Македонија.

Видое Смилевски е роден на 14 август 1915 година во Гостиварското село Никифорово, во печалбарско семејство . Неговиот татко е Македонец од Никифорово, додека неговата мајка е православна Албанка од Кичиница. По завршувањето на Првата светска војна, татко му го однел во Белград, каде што работел. Таму завршил основно училиште и трговска академија, каде што се вклучил во комунистичкото движење (1935). Тој делел летоци, учествувал во демонстрации и влегувал во конфликт со режимот.

Во 1935 година се вработил во хипотекарна банка во Белград. а кон крајот на 1939 година учествувал во акцијата за формирање на синдикален огранок на Сојузот на банкарските, осигурителните, трговските и индустриските службеници на Југославија (СБОТИЧЈ). Во тоа време тој веќе работел со партиската опрема во Белград, која по негово барање била сместена во неговиот дом.

Во овој период е примен за член на Комунистичката партија на Југославија (17. IV 1940). Поради полициски прогон, ја сокрил опремата и се илегализирал во февруари 1941 година. Потоа, до априлската војна раководи со техниката на Месниот комитет на КПЈ во Белград.

По Априлската војна во 1941 година, бил секретар на ќелија, на реонски комитет, член на МК и на Окружниот комитет на КПЈ во Белград. Во јануари 1943 година бил назначен за секретар на Окружниот комитет на КПЈ за Лесковац. Во февруари 1944 година по наредба на КПЈ заминал на истата функција во Врање, а од април до јуни бил секретар на ОК КПЈ за Пирот и бил инструктор на ПК на КПЈ за Србија.

Во јули 1944 година бил испратен на работа во Македонија, како секретар на Четвртиот областен комитет на КПМ. Во август истата година бил делегат на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ). Набргу бил кооптиран во ЦК на КПМ и избран секретар на Обласниот комитет на КПМ во Скопје (кон крајот на октомври 1944). Но поради тешка болест бил на лекување до април 1945 година. Потоа, останал во Белград и работел како инструктор на Покраинскиот комитет на КПЈ за Србија и во Претседателството на Владата.

По Ослободувањето бил организационен секретар на ЦК на КПМ, претседател на Президиумот на Народното собрание на НРМ, член на Сојузниот извршен совет, член на Претседателството на ЦК на СКЈ, републички и сојузен народен пратеник, член на Сојузниот одбор на ССРНЈ, потпретседател на Извршниот совет на НРМ и член на Сојузниот извршен совет, потпретседател на Централниот одбор на СЗБ на НОВЈ, претседател на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОВМ и претседател на Претседателството на СРМ. Автор е на голем број прилози за актуелните политички и стопански проблеми во дневниот и периодичниот печат.

Носител е на Партизанска споменица 1941 и Орден Народен херој на Југославија (7. VII 1953).

Видое Смилевски - Бато починал на 8 септември 1979 година во Скопје, за време на неговиот мандат како претседател на Претседателството на Република Македонија.

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил Т.К.

 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.