Македонски легенди

Благоја Стевковски – Гојчо

Ovlastuvanje za Gojcho Stefkov.pdf

Ovlastuvanje za Gojcho Stefkov.pdf

Благоја Стевковски (15. VIII 1905 – 3. XII 1965) е македонски комунистички деец, учесник во НОБ, млад поет. Бил соработник на весникот „Наша реч“ (Скопје, 1939), каде што објавил и стихотворби на македонски јазик. За време на Втората светска војна, како член на Воениот штаб на КПЈ за Куманово (1941), бил еден од организаторите на Козјачкиот и Карадачкиот НОПО. По Ослободувањето бил претседател на Советот на Врховниот суд на Македонија, предавач по стратегија на Вишата воена академија, републички народен пратеник и извршувал високи должности во Скопската армиска област.

Благоја Стевковски е роден на 15 август 1915 година во Куманово. Пред Втората светска војна завршил два класа гимназија, а потоа работел како кројач. Во 1933 година, како истакнат член на СКОЈ станал почесен член на кумановската организација, а од 1935 година и член на член КПЈ. Благодарение на неговите залагања како партиски активист, во 1938 година станал секретар на МК на КПЈ во Куманово (1938).

Стефковски бил автор на едночинката „Жената умира“ (изведена во Куманово, 1938) и на повеќе стихотворби на македонски јазик со социјална тематика. Тој бил соработник на скопскиот весник „Наша реч“ (Скопје, 1939), каде што објавил и стихотворби на македонски јазик. За весникот „Наша реч“ пишувал под псевдонимот Гојчо Минтан. Одделно, тој ги објави песните Реч на болната аргатка (1939), Чирак (1940) и Љубов (1940).

Во септември 1940 година учествувал на Покраинската конференција на КПЈ за Македонија и бил избран за член на Покраинскиот комитет и за делегат на Петтата земска конференција на КПЈ во Загреб. Поради семејни причини тој одбил да оди во Загреб и бил исклучен од КПЈ.

Во септември 1941 година, Стевковски бил вратен во партијата и бил избран за член на Месниот комитет на КПЈ за Куманово. Потоа бил член на Воениот штаб на КПЈ за Куманово. Како член на Воениот штаб бил еден од организаторите на Козјачкиот и Карадачкиот НОПО, а по нивното разбивање, бил избран за секретар на МК (јануари 1942). Автор на повеќе статии во органот на МК на КПЈ во Куманово „Октобрис“ (октомври/ноември 1942).

Благоја Стевковски бил политички секретар до 1943 година. Од февруари до април 1943 година бил уапсен од бугарските власти и бил во затворот Скопје, а потоа бил интерниран во Ениќој, каде што организирал јадро на КПМ. По враќањето во октомври 1943 година заминал во партизанските единици како заменик командант, а потоа бил и политички комесар на Кумановскиот НОПО (1944). Подоцна ја презел должноста политички комесар на Брегалничко-струмичкиот (македонски) корпус. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ, а од војната излегол со чин полковник,

По војната Стевковски како искусен првоборец и висок воен старешина, ја извршувал должноста „помошник командант за заднина на воено подрачје”, најпрвин во Скопската армиска област (1945 – 1953), па потоа во Сараево (1953 – 1954), Белград (1954 – 1956) и од 1956 до 1965 година, бил на служба повторно во гарнизон Скопје.

Во меѓувреме, вонредно завршил гимназија, а потоа дипломирал на Правниот факултет и завршил Висока воена академија на ЈНА во Белград, каде станал и предавач по стратегија. Во 1962 година успешно положил генералски испит и се здобил со чин „генерал-мајор”. Тој бил претседател на Советот на Врховниот суд на Македонија и републички народен пратеник.

Благоја Стефковски – Гојчо починал на 3 декември 1965 година во Скопје.

Стевковски е носител на бројни одликувања: Партизанска споменица од 1941; Орден за храброст; Орден за воени заслуги со златни мечеви; Орден на братството и единството со златен венец; Орден Партизанската ѕвезда со пушки; Орден за заслуги за народ со сребрена ѕвезда;  Орден на Народната армија со златна ѕвезда и др.

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил : Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top