Вторник, 01 Октомври 2024    PDF Печати Е-пошта
Никола Герасимов

                                     Nikola Gerasimov Tetovo copy

Никола Герасимов (17. VII 1868 – 2. XII 1927) е македонски револуционер, петрички војвода и учител. Учителствувал во Пазарџик, Гевгелија, Штип, Трговиште. Бил учесник во Горноџумајското и во Разлошкото востание. Од 1903 година бил секретар во четата на Александар Протогеров. Учествувал во Балканските и во Првата светска војна, во составот на Бугарската армија.

Никола Герасимов е роден на 17 јули 1868 година во Охрид. Завршил во 1891 година во Солунската машка гимназија. Во 1893 година дипломирал историја на Вишата школа во Софија. Работел како учител во гимназијата во Пазарџик (1893 - 1903).

Герасимов бил активен член е на Македонско-одринската организација, која била создадена од македонската емиграција во Бугарија и имала за цел автономија на Македонија и Одринско. Во есента 1902 година учествувал во Горноџумајското и во Разлошкото востание.  Од 1903 година бил секретар во четата на Александар Протогеров. Со неа учествувал во битката кај селото Селиште на 14 - 15 април и во Илинденското востание.

По востанието од 1904 година, повторно работел како учител во Трговиште (Ески Џумаја).  Од 1907 година бил директор на гимназијата во градот, се до Првата балканска војна.

Герасимов учествувал во Балканските и во Првата светска војна, во составот на Бугарската армија. По избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, тој раководел со партизанска чета на Македонско-одринското ополчение. Заедно со четите на Дончо Златков, Лазар Делев и Тане Николов напредувал по долината на реката Струма. Се борел кај селата Осеново, Сербиново и Сенокос.

По Втората балканска војна во 1913 година, се вратил во Трговиште, каде што бил учител до 1915 година. За време на Првата светска војна, по влегувањето на бугарската армија во Македонија, Герасимов  во 1916 година станал учител во Гевгелија, каде што останал до 1918 година.

По војната се вратил во Трговиште. Во 1923 година, станал директор на гимназијата, а во 1924 година бил избран за претседател на македонското добротворно братство Трговиште.

Во септември 1927 година, тој бил назначен за директор и учител во гимназијата во Орхание, град во Софиската област, но починал неколку месеци подоцна, на 2 декември 1927 година во Софија.

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Уни

Откако го направија фамозното селфи во авионот од Брисел, Македонија е се подалеку од Европска...

Историја

News image

Наредба на Тодор Александров од 22 август 1922

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиск...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО ПЕТРОПОЛИС – ЦЕНТАРОТ НА ПОРТУГАЛСКАТА ИМПЕРИЈА И БОГАТСТВОТО (3)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.