Македонски легенди

Кирил Симоновски – Џина

К. С. Џина

                                                                     К. С. Џина

Кирил Симоновски – Џина (19. X 1915 – 12. VI 1984) е македонски и југословенски фудбалер и тренер. Бил член на ФК „Југ“, ФК „Победа“ и ФК „Граѓански“ во Скопје. Во времето на окупацијата (1941–1944) играл за СК „Македонија“ од Скопје, кој се натпреварувал во Елитната дивизија на Бугарија. По Ослободувањето играл за армиски клуб ФК „Партизан“ и репрезентацијата на ЈНА и десетпати за репрезентацијата на Југославија. За ФК „Вардар“ од Скопје одиграл 75 натпревари и дал 25 голови.

Кирил Симовски – Џина е роден на 19 октомври 1915 година во Скопје. Завршил основно училиште. Потоа почнал да игра фудбал. Станал член на ФК „Југ“, потоа на ФК „Победа“ и на ФК „Граѓански“ во Скопје.

Во времето на окупацијата (1941–1944), Џина играл за Спортскиот клуб „Македонија“ од Скопје (поранешен ФК „Граѓански“), кој се натпреварувал во Елитната дивизија на Бугарија. Клубот завршил втор на Бугарското државно првенство во 1942 година. Џина и неговиот брат Благоја под принуда одиграле и два натпревари за бугарската репрезентација. Потоа заминал во партизани. Во Народноослободителната борба (НОБ) учествувал од 1944 година.

По Ослободувањето бил прекомандуван од скопската во белградската воена област, каде играл за белградскиот клуб ФК „Партизан“, формиран од Југословенската армија (ЈА).  Тој е првиот македонски фудбалер што настапил во овој клуб. Џина останал во клубот околу четири и пол години и настапил на 171 пријателски, првенствени и меѓународни натпревари.

Џина играл за репрезентацијата на ЈА и десетпати за репрезентацијата на Југославија. Тој е првиот македонски спортист што успеал да ја носи капитенската лента на една југословенска репрезентација. Тој бил првиот капитен на ФНР Југославија во првиот официјален натпревар по војната, на 9 мај 1946 година играа пријателска уталмица против Чехословачка во Прага. Како гостински тим, југословенската репрезентација го доби натпреварот со 0-2.

Македонецот одиграл вкупно 10 натпревари и постигна еден гол против Романија на 11 октомври 1946 година, на Балканскиот куп во главниот град на Албанија, Тирана. Исто така, тој е прв македонски спортист носител на златен медал на официјално меѓународно натпреварување од Балканското фудбалско првенство.

Џина играл и за ФК „Вардар“ од Скопје, за кого одиграл 75 натпревари и дал 25 голови. Фудбалската кариера ја завршил во ФК „Партизан“ во Белград, а потоа се посветил на тренерската работа. Тој бил тренер на ФК Партизан, ФК Вардар Скопје и на други клубови од поранешна Југославија, Грција и Кипар.

Кирил Симовски – Џина починал на 12 јуни 1984 година во Белград.

1Tiho3 Подготвил: Т.К.

.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top