Македонски легенди

Јулиј Розентал

123123

                                          123123

Јулиј Розентал (1872 – 12. IX 1903) е поет и револуционер, член на Македонската револуционарна организација. Околу 1882 година, неговите родители се преселени во Бугарија. За време на Илинденските настани во 1903 година учествувал како востаник и загинал во борбите во четата на велешкиот војвода Никола Дечев. Автор е на стихозбирката „Недопеани песни“, објавена една година по неговата смрт.

Јулиј Цезар Розентал е роден на 14 јуни 1872 година во рускиот град Иркутск, во семејството на полскиот анархист др. Аугуст фон Розентал, кој поради побуната во Малорусија бил протеран во Сибир. Во 1880 година, семејството Розентал ја напуштило Русија и околу 1882 година се преселило во Бугарија, првично во Источна Румелија.

Јулиј започнал да учи во Габровската гимназија, но бил избркан заедно со неговиот брат Август Розентал поради „пропаганда на социјализмот меѓу соучениците“. Подоцна предавал во училиштата во Велико Трново и Нова Загора. Потоа се пријавил да студира право на Универзитетот во Софија. Но, во исто време, под влијание на Пејо Јаворов, тој станал член на Македонската револуционерна организација.

Во август 1902 година илегално влегол во Македонија и два месеци спроведувал обука за работа со експлозивни материјали на четниците на Организација. Заедно со Александар Соколов служел во четата на велешкиот војвода Никола Дечев и бил избран за секретар и командир на „техничкото одделение“.

Во 1903 година со четата заминал во Македонија, за да учествува во Илинденското востание. Загинал во битка кај кратовското село Луково на 12/25 септември 1903 година. Четата била опкружена со редовна војска и башибозук. Розентал водел група бомбаши, но бил тешко ранет во ногата. При обидот за повлекување на преживеаните четници, тој решил да остане на својата позиција за да ги заштити.

Розентал го превел на бугарски јазик романот „Со оган и меч“ од Хенрик Шенкевич. Исто така, тој е автор на стихозбирката „Недопети песни“, која е објавена постхумно во 1904 година од Антон Страшимиров.

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top