Македонски легенди

Рампо Левков – Левката

levkov

                                                       levkov

Рампо Левков (9. I 1909 – 19. IX 1942) е македонски комунист, револуционер и народен херој. По бугарската окупација во 1941 година му била понудена висока служба, но ја одбил и отворил адвокатската канцеларија која станала сврталиште на патриотските и интелектуалните сили во градот. Кон крајот на декември 1941 година ја напишал една од најзначајните песни – поеми од времето на НОБМ „Бабуна“. Поради неговата активност бил уапсен од бугарската полиција (14. IX  1942) и по петдневни мачења бил фрлен во варница.

Рампо Левков е роден на 9 јануари 1909 година во Прилеп. Основно училиште и гимназија завршил во родното место, по што се запишал на Правниот факултет во Белград. Во исто време, тој бил политички активен во Прилеп, каде што полицијата го уапсила поради неговите левичарски идеи. По дипломирањето во 1933 година, работел како правник и деец на Партиската организација во Прилеп.

По бугарската окупација во 1941 година, властите му понудиле високи владини функции, но тој одбил да соработува со окупаторот. Како член на КПЈ ја прифатил директивата на Партијата за отворање адвокатска канцеларија за подобар контакт со селаните и собирање антифашисти и патриоти. Правосудниот испит го положи за кратко време.

Во рамките на пречекот на новата 1942 година, организиран од Комисијата за агитпроп на КП, кон крајот на декември 1941 година ја напишал една од најзначајните песни – поеми од времето на НОБМ „Бабуна“, којашто била објавена во мај 1942 година во партискиот билтен „Народен глас“ .

Полицијата знаела дека Рампо Левков работи за Народноослободителното движење, но поради авторитетот што го уживал меѓу народот и желбата да фатат што повеќе луѓе во контакт со него, претпазливо се однесувале со него.

Кога на 14 септември 1942 година бугарската окупаторска војска успеала да убие дел од борците од партизанскиот одред „Димитар Влахов“, бугарските офицери го извадиле од неговата канцеларија и го однеле во касарната. Таму биле донесени уште стотина активисти од Прилеп и село Дабница. Рампо беше подложен на тортура за да признае дека е активист на НОП. По четири дена мачење, на 19 септември, војниците го фрлиле полумртов во јама со жива вар, каде што на крајот починал.

Со указ на Президиумот на Народното собрание на ФНР Југославија на 5 јули 1951 година е прогласен за народен херој.

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top