|
||||
Александар Малинов |
Александар Малинов (22. XII 1871 – 6. I 1904) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Бил многу храбар и решител борец. Познат како Сандо Штипјанчето, пред да почине убил 16 турски војници, 1 муљазим и 1 јусбашија Александар Малинов е роден на 22 декември Штипско Ново Село. Во редовите на Македонската револуционерна организаџија се приклучил во 1894 година. На 22 ноември 1899 година водел голема битка во родното село. Тој бил четник кај Димитар Дечев. Во почетокот на јануари 1904 година, по битка со турската војска, бил ранет и заминал во родното село да се лекува кај др. Иван Голев. Тој бил откриен од властите и опколен во куќа. Малинов цел ден давал отпор и убил 16 турски војници и двајца офицери (1 муљазим и 1 јусбашија), по што Турците ја запалиле куќата. Тешко ранет, Малинов успеал да го пробие обрачот и да се скрие. Меѓутоа, по неколку дена починал од раните. По битката избила Штипската афера. Христо Силјанов во „Ослободителните борби на Македонија“ (том први, Софија, Илинденско востание, Софија, 1933 г. стр. 109) за овој настан пишува: „Штипската афера или Новоселската афера изби речиси истовремено со Валандовската афера. Еден ранет четник, Сандо, се прикрал во штипската населба Ново Село. но бил забележал и издаден на Турците, па куќата била опколена со заптии и аскер. Ранетиот Сандо започнал борба - еден против сто. Од околу десетина опсадници што паднаа, се гледа дека тој стрелал мирно и прецизно и покрај раната. Потребно било да се донесе противпожарна пумпа и да се испрска куќата со гас. Тогаш Сандо - по тричасовна престрелка ја напуштол опожарената куќа. Се префрлил во друга и успеал да се сокрие. Сандо потоа починал од здобиените рани...“ Александар Малинов бил погребан тајно во дворот на црквата „Свети Архангел“. Подготвил: Т.К. |