Македонски легенди

Александар Малинов

11111

11111

Александар Малинов (22. XII 1871 – 6. I 1904) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Бил многу храбар и решител борец. Познат како Сандо Штипјанчето, пред да почине убил 16 турски војници, 1 муљазим и 1 јусбашија

Александар Малинов е роден на 22 декември Штипско Ново Село. Во редовите на Македонската револуционерна организаџија се приклучил во 1894 година. На 22 ноември 1899 година водел голема битка во родното село. Тој бил четник кај Димитар Дечев.

Во почетокот на јануари 1904 година, по битка со турската војска, бил ранет и заминал во родното село да се лекува кај др. Иван Голев. Тој бил откриен од властите и опколен во куќа. Малинов цел ден давал отпор и убил 16 турски војници и двајца офицери (1 муљазим и 1 јусбашија), по што Турците ја запалиле куќата.

Тешко ранет, Малинов успеал да го пробие обрачот и да се скрие. Меѓутоа, по неколку дена починал од раните. По битката избила Штипската афера.

Христо Силјанов во „Ослободителните борби на Македонија“ (том први, Софија, Илинденско востание, Софија, 1933 г. стр. 109) за овој настан пишува:

„Штипската афера или Новоселската афера изби речиси истовремено со Валандовската афера. Еден ранет четник, Сандо, се прикрал во штипската населба Ново Село. но бил забележал и издаден на Турците, па куќата била опколена со заптии и аскер. Ранетиот Сандо започнал борба – еден против сто. Од околу десетина опсадници што паднаа, се гледа дека тој стрелал мирно и прецизно и покрај раната. Потребно било да се донесе противпожарна пумпа и да се испрска куќата со гас. Тогаш Сандо – по тричасовна престрелка ја напуштол опожарената куќа. Се префрлил во друга и успеал да се сокрие. Сандо потоа починал од здобиените рани…“

Александар Малинов бил погребан тајно во дворот на црквата „Свети Архангел“.

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top