Македонски легенди

Григор Попев

Popov

Popov

Григор Стефанов Попев (1869 – 2. II 1938) е македонски револуционер, член на ЦК на МРО. Од 1892 до 1896 г. бил трговец во Битола и Солун. Тој е еден од првите покрстени луѓе на Орханизацијата. Бил член на ЦК на Битолскиот ОРК и благајник на ЦК на ТМОРО (1896–1901).

Григор Попев е роден во 1869 година во Прилеп, во семејството на Стефан и Софија Кочева. Основно образование завршил во родниот град, а потоз завршил 3 клас гимназија во Солун. Тој потекнувал од богато трговско семејство, а подоцна и самиот бил трговец. Во периодот од 1892 до 1896 година бил трговец во Битола, потоа во Солун.

Во редовите на Македонската револуционерна организација влегува во 1894 година и заедно со Пере Тошев и Георги Пешков го организира месниот комитет. Ним им се придружил Ѓорче Петров. Во револуционерната организација бил внесен лично од Даме Груев.

Со Даме Груев се запознал во 1891 година. во Прилеп, каде што бил учител. Во 1892 година  се сретнал во Солун, каде Даме бил лектор во книжарницата на Коне Самарџиев, зет од сестра на Григор Попев. Даме често ја посетувал книжарницата и со Григор почнале да се дружат. Еден ден Даме му кажал дека во Солун бил основан револуционерен комитет.

Григор Попев потоа бил еден од првите покрстени луѓе на Организацијата. Тој учествувал во работата на првиот состанок на дејците на ВМОРО во Ресен во 1894 година, кој во историјата останал познат како Ресенски конгрес. Подоцна бил избран за член на Битолскиот окружен комитет, а потоа од крајот на 1896 до 1901 година бил благајник на ЦК на Македонската револуционерна организација. Како близок пријател на Д. Груев бил негова десна рака во Округот.

Во 1897 година, Попев дошол во Солун, во периодот кога започнал судирот меѓу Централниот комитет и членовите на Бугарското тајно револуционерно братство. Помошта на Попев во тој судир била голема, бидејќи тој како роднина на Коне Самарџиев, кој е еден од основачите на Братството, навремено дознал за плановите на Братството да се ликвидираат некои од членовите на Централниот комитет. Предвидените ликвидации не се оствариле, а самиот Попев за обидот за ликвидација на Даме Груев истакнал: „Ако го направеа тоа, ние со заби ќе ги раскиневме, а најпрво јас ќе го убиев својот зет Коне Самарџиев“.

Григор Попев учествувал во подготовката на Илинденското востание (1903), а по Балканските војни емигрирал во Бугарија.

Григор Попев умира на 2 февруари 1938 година во Софија.

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top