Македонски легенди

Наум А. Туфекчиев

Tuferkciev

Tuferkciev

Наум А. Туфекчиев (29. VI 1864 – 26. II 1926) е македонски револуционер, потпретседател на ВМК (1895) и трговец од Македонија. Учествувал во дејноста на Младата македонската книжевна дружина, Братскиот сојуз и Македонскиот комитет. Неговото име е поврзано со неколку атентати, меѓу кои и убиството на бугарскиот премиер Стефан Стамболов. Во својата бомболеарница произведувал бомби со кои ја снабдувал Македонската револуционерна организација. Во 1906 година склучува договор со Бугарската армија на која и испорачал рачни бомби „Македонки“ или „Македонија“ кои се користеле во текот на Балканските војни.

Наум Туфекчиев е роден на 29 јуни 1864 година во Ресен. Студирал пиротехника во Белгија и отворил компанија за производство на експлозиви и оружје во Софија. Во Белград, Наум заедно со Димитар Ризов, Крсто Ножаров, Михаил Ставрев (Хаjо) и неговите браќа Никола и Димитар (Денчо) Тифекчиев, планирал убиство на Стефан Стемболов. Меѓутоа, на 15 (27) март, наместо Стамболов, бил убиен министерот Христо Белчев.

ДимитарТуфекчиев бил уапсен и подоцна убиен, додека Наум побегнал во Одеса, каде што со знаење на руските власти го подготвувал убиството на бугарскиот дипломатски претставник во Турција, д-р Георги Валкович. Подготвил двајца терористи кои го убиле докторот на 12 февруари 1892 година во Цариград. Наум и Никола Туфекчиеви биле осудени од османлискиот суд на 15 години затвор, но казната не била извршена бидејќи не беа екстрадирани од Русија. Накратко бил испратен во егзил во Симбирск и добивал месечна плата од руската држава.

Потоа Туфекчиев заминал за Бугарија, каде се вклучил во активностите на Младата македонска литературна дружина во периодот 1892-1894 година. На 27 декември 1894 година Туфекчиев заедно со Димитар Ризов, Андреј Љапчев, Тома Карајовов, Никола Наумов и Трајко Китанчев го основале Братскиот сојуз, кој една година подоцна се споил со Македонскиот комитет. На 1. Конгрес на македонските друштва, Туфекчиев бил избран за потпретседател на организацијата.

Во 1895 година во Софија, Наум основал фабрика за бомби каде што ги произведувал гранати „македонки“, користејќи го Дончо Штипјанчето како главен курир за испораки во Македонија.

Истата година, на 15 јули, тој успешно го организирал убиството на Стефан Стамболов, по што бил уапсен и осуден на три години затвор. Меѓутоа, подоцна бил ослободен.

Преку Димитар Љапов, Наум стапил во контакт со Ерменците Бедрос Паријан и Армен Гаро, кои со неговото оружје се подготвувале да ја напднат Отоман банка во Константинопол. После тоа, неговите активности биле забранети од бугарските власти.

Наум Туфекчиев и Стојан Шангов во 1900 година почнале да го издаваат весникот „Вечерна пошта“, кој бил основан на иницијатива на Борис Сарафов и д-р Никола Генадиев, со цел да се поддржи македонската кауза.                                                                                             

Од 1905 година стапил во контакт со болшевичките револуционери и им препродавал бомби. Во 1906 година, Туфекчиев бил вмешан во меѓународен скандал околу трансферот на оружје во Русија.

Во 1908 година Наум Туфекчиев се враќа во Македонија и се зближил со водачите на Младотурската револуција Нијази бег и Енвер бег. Во 1915 година турската тајна полиција стапила во контакт со Наум Туфекчиев со цел да организира атентат во Бугарија, кој би ја втурнал Софија во сојуз со Централните сили. Така, тој го организирал нападот на Градското казино, извршен од страна на Црвените браќа на 31 јануари 1915 година.

На 26 февруари 1916 година, по наредба на Тодор Александров, на улицата Раковски во Софија, со шест куршуми во градите бил убиен Наум Туфекчиев.

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top