Македонски легенди

Благоја Корубин

B. Korubin

B. Korubin

Благоја Корубин (1.III 1921 – 17. II 1995) е македонски нацонален деец, учесник во НОБ, филолог и преведувач, научен советник, истражувач и раководител на Одделението за современ македонски јазик при Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“.

Благоја Ташков Корубин  е роден на 1 март 1921 година. во градот Прилеп. Основно училиште и гимназија завршил во родниот град. Како член на Литературната секција во Гимназијата го напишал својот прв прозен состав на српски јазик „Живот у Прилепу и околини“ (1937/1938).

Тој бил член на воспитната група за кандидати за СКОЈ, каде Борка Талески зборувал за македонското национално прашање. По обука (1938/1939)  станал член на СКОЈ, а по матурирањето, во јуни 1940 година и член на КПЈ. Во 1940 година учествувал на Илинденските демонстрации во Прилеп, а есента истата година заминал да студира во Скопје на педагошката група на Филозофскиот факултет. Таму формирал група од 15-18 членови на СКОЈ и КПЈ. Во студентскиот дом каде што живеел, бил еден од уредниците на Ѕидниот весник, каде што објавувал свои политички написи.

По потпишувањето за пристапувањето на Кралството Југославија кон Пактот (25. III 1941), вечерта на 26 март скопските студенти излегле на скопското корзо со пароли против пактот и војната. По барање на демонстрантите тој говорел на македонски јазик, поради што морал да се спасува со бегство од режимските агенти.

По фашистичката окупација на земјата, станал борец на Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ и учествувал во првата востаничка акција во Прилеп на 11. X 1941 година. Набргу потоа бил уапсен и осуден. Целиот период на НОБ, се до септември 1944 година, Корубин го минал во Скопскиот затвор и во затворот во Хасково (Бугарија). Во Затворот Скопје бил затворен од 14 мај 1941 до мај 1943 година и од јуни 1943 до септември 1944 година. Од мај до јуни 1943 година тој бил во затвор во Хасково. Додека бил во затвор, тој напишал неколку песни, од кои зачувана е песната „Песна на скопските затвореници“. Тој бил член на партиското раководство формирано од Лазар Колишевски и бил одговорен за културно-забавниот дел.

По војната прво работел во Прилеп, а потоа во Скопје како јазичен редактор во Издавачкото претпријатие „Култура“ (1946). Помеѓу 1946 и 1953 година бил раководител на Оделот за печат во Институтот за здравствено просветување на НР Македонија. Во периодот од 1947 до 1948 година ги продолжил студиите на Филозофскиот факултет, на групата за македонски јазик. Во 1948 година, по Резолуцијата на Информбирото бил репресиран.

По дипломирањето во 1952 година, во јануари 1953 година станал асистент во Одделението за јазик на Институтот за фолклор, кој по два месеци се осамостоил како Институт за македонски јазик Во периодот 1965-1985 година бил раководител на Катедрата за современ јазик. Се пензионирал во 1986 година.

Бил долгогодишен претседател на Друштвото на литературните преведувачи на Македонија (1959 – 1966) и на Сојузот на друштвата за македонски јазик на Македонија. Автор е на повеќе стручни и научни книги, голем број статии, сеќавања, прозни состави, четири стихотворби и други прилози. Бил посебно посветен во истражувањата на практиката на македонскиот јазик и повеќе децении ја уредувал рубриката „Јазично катче“ на дневниот весник „Нова Македонија“ и бил долгогодишен уредник на списанието „Македонски јазик“ и „Литературен збор“.

Благоја Корубин починал на 17 февруари 1995 година во Скопје.

(М.Е. 1, Скопје 2009, стр. 739)

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top