|
||||
Стојан Георгиев - Томовичин |
Стојан Георгиев (18. III 1838 – 5. VII 2023) е македонски национален деец во Пиринска Македонија, борец за правата на Мекедонците во Бугарија. Тој бил еден од оснивачите на ОМО „Илинден“, а по расцепот се вклучил во ОМО „Илинден“ – Пирин. Како Македонец, тој бил изложен на бројни полициски испрашувања и малтретирања, а одлежал и две затворски казни од по четири години. Стојан Георгиев е роден на 18 март 1938 година во градот Петрич, Пиринскиот дел на Македонија. Потекнува од револуционерно семејство. Неговиот дедо Томо, по кого го добил прекарот Томовичин, како борец за ослободување на Македонија од турското ропство бил затворен пет години во турскиот затвор Еди Куле. И други негови претци умирале за слобода на Македонија. Одејќи по стапките на своите претци, уште како средношколец, на 18 години создал македонска група, поради што дошол во судир со бугарската власт. Тој бил држен 18 дена во ќелиите на државната безбедност, по што бил ослободен за да го заврши своето образование. Во 1957 година повторно формирал група, по што повеќе од три месеци бил затворен и подложен на истрага и мачења. Во 1958 година бил осуден на четири години затвор, кои ќе ги помине во Стара Загора, а во 1973 година тој повторно бил затворен четори години. Во 1990 година, по падот на комунизмот, Стојан бил еден од оснивачите на ОМО „Илинден“ и бил прв и единствен претседател на Организацијата пред нејзиниот расцеп. Во 1998 година се вклучил во ОМО „Илинден“ – Пирин и набрзо бил избран за почесен претседател, место на кое останал до последен ден. И покрај сите закани и застрашувања од страна на бугарските власти, до крајот на својот живот, Стојан активно учествувал во борбата за стекнување права на Македонците во Бугарија. Исто така, на разни меѓународни средби тој го брани правото на Македонците да се стекнат со своите национални права. Автор е на две книги кои раскажуваат за неговиот живот, борба и страдања. Стојан Георгиев почина на 5 јули 2023 година. Подготвил: Т.К. |