|
||||
Стојан Георгиев |
Стојан Георгиев (1870 – 13. X 1915) е македонски револуционер, раководител во Струмичкиот револуционерен округ. Со Гоце Делчев ги поставиле основите на ТМОРО во Струмица во 1895 година. Бил во судир со Струмичкиот егзархиски митрополит Герасим и бил убиен на пат за Софија во заседа од врховисти кај с. Коњарево, Струмичко. Стојан Георгиев е роден во 1870 година во струмичкото село Дабиље. Се образувал во родното место, во Штип, во Солунската машка гимназија и во Вишото училиште во Софија. По завршеното више образование, се вратил во Струмица и прво работел во егархиското учолиште. Потоа предавал во Белоградчик и на други места.. Со Гоце Делчев ги поставиле основите на ТМОРО во Струмица во 1895 година. Кон крајот на истата година, заедно со струмичанецот Доне Лазаров, основал револуционерни комитети во селата: Дабиље, Муртино, Робово, Варварица, Вељуша, Нивичани, Василево, Моноспитово, Ново Село, Куклиш, Костурино и Попчево. Во 1897 година учествувал во киднапирањето на Назл’м-беј, а во април 1898 година бил префрлен во внатрешноста на Македонија како војвода на чета и успешно се справил со задачите што му биле доделени. Во 1900 година се вратил во Струмица како главен учител во егзархиското училиште и началник на Струмичкиот окружен револуционерен комитет. Поради својата револуционерна дејност влегол во остар конфликт со струмичкиот егзархиски владика Герасим и заедно со Давид Наков бил протеран од Струмица. Како одговор, окружниот комитет издал смртна казна за митрополитот, која останала неизвршена. По разоткривањето на Струмичката афера во 1903 година, Стојан бил фатен и осуден на 101 година затвор. Во 1904 година бил амнестиран. Стојан бил против врховистите, кои често разоружани и посрамени ги враќал назад во Бугарија. Поради тоа тој бил на мета на врховистите. Во октомври 1915 година, како пратеник во Народното собрание на Бугарија (1914–1915), на пат кон Софија, Стојан бил убиен во заседа од врховисти кај с. Коњарево, Струмичко. Подготвил: Т.К. |