Македонски легенди

Стојан Георгиев

Stojan

Stojan

Стојан Георгиев (1870 – 13. X 1915) е македонски револуционер, раководител во Струмичкиот револуционерен округ. Со Гоце Делчев ги поставиле основите на ТМОРО во Струмица во 1895 година. Бил во судир со Струмичкиот егзархиски митрополит Герасим и бил убиен на пат за Софија во заседа од врховисти кај с. Коњарево, Струмичко.

Стојан Георгиев е роден во 1870 година во струмичкото село Дабиље. Се образувал во родното место, во Штип, во Солунската машка гимназија и во Вишото училиште во Софија. По завршеното више образование, се вратил во Струмица и прво работел во егархиското учолиште. Потоа предавал во Белоградчик и на други места..

Со Гоце Делчев ги поставиле основите на ТМОРО во Струмица во 1895 година. Кон крајот на истата  година, заедно со струмичанецот Доне Лазаров, основал револуционерни комитети во селата: Дабиље, Муртино, Робово, Варварица, Вељуша, Нивичани, Василево, Моноспитово, Ново Село, Куклиш, Костурино и Попчево.

Во 1897 година учествувал во киднапирањето на Назл’м-беј, а во април 1898 година бил префрлен во внатрешноста на Македонија како војвода на чета и успешно се справил со задачите што му биле доделени.

Во 1900 година се вратил во Струмица како главен учител во егзархиското училиште и началник на Струмичкиот окружен револуционерен комитет. Поради својата револуционерна дејност влегол во остар конфликт со струмичкиот егзархиски владика Герасим и заедно со Давид Наков бил протеран од Струмица. Како одговор, окружниот комитет издал смртна казна за митрополитот, која останала неизвршена.

По разоткривањето на Струмичката афера во 1903 година, Стојан бил фатен и осуден на 101 година затвор. Во 1904 година бил амнестиран.

Стојан бил против врховистите, кои често разоружани и посрамени ги враќал назад во Бугарија. Поради тоа тој бил на мета на врховистите.

Во октомври 1915 година, како пратеник во Народното собрание на Бугарија (1914–1915), на пат кон Софија, Стојан бил убиен во заседа од врховисти кај с. Коњарево, Струмичко.

Tiho copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top