Македонски легенди

Волче Наумчевски

Naumcevski 1

Naumcevski 1

Волче Наумчевски (18. I 1916 – 20. III 1980) е македонски писател, автор на првата стихозбирка исцело напечатена на македонски јазик во предвоена Југославија. Објавил голем број стихозбирки за деца и возрасни.

Naumcevski 2 Naumcevski 3Волче Наумчевски е роден на 18 јануар 1916 година во Прилеп, како седмо дете во сиромашно семејство. По завршувањето на I клас ја напуштил гимназијата и работел како чирак кај повеќемина мајстори за да стане стане терзија.

Во 1934 година се зачленил во „Трезвена ложа“.  Во 1935 година бил активен член на Културно-просветното друштво „Абрашевиќ“ во Прилеп. Во тој период ја напишал и својата прва песна „Молитва“. На почетокот на 1937 година, во врска со Граѓанската војна во Шпанија, ја напишал стихотворбата „Шпанија“. Охрабрен од приемот на неговите стихови, се повеќе пишувал и рецитирал на македонски јазик. Кон крајот на 1939 година во Битола ја отпечатил збирката од 13 стихотворби „Иди пролет“, потпишана само со Даноски.

Како војник на Кралска Југославија, на 9 април 1941 година бил заробен од Германците кај Ниш и префрлен во логорот во Драгоман и Сливница. По ослободувањето кратко престојувал во Софија. Таму се запознал со Т. Павлов, В. Марковски, М. Зафировски, К. Неделковски, Н. Вапцаров и други членови на МЛК.

По препорака на Павлов, се вратил во Прилеп и на 28 мај пак доаѓа во Софија со ракописот на втората стихозбирка. Книшката била напечатена во јули 1941 година, со насловна страна: В’лчо Наумчески, Македонска китка.

Наумчески во Софија живеел во истиот дом со К. Рацин и К. Неделковски. Ноќта на 1. IX 1941 година  полицијата чукнала на вратата кај што спиеле тројцата македонски поети. За да не го фатат жив, К. Неделковски ја активирал пеколната машина и се фрлил од шестиот кат на зградата.

По пуштањето од полицијата, Рацин и Наумчески на 4 или 5 септември заедно тргнале со воз за Македонија. Веднаш се вклучил во подготовките за востание. Учествувал во оружената акција на 11 октомври во Прилеп, а кога се растурил одредот, за да ја скрие трагата, во декември 1941 година одново заминал во Софија.  Во 1942–1943 година Наумчески ја напишал (на бугарски јазик) својата „Поема на злото“ (објавена на македонски во Скопје дури во 1951).

Во Македонија се вратил во 1943 година и повторно заминал во партизани.  За време на НОБ Волче во своите раце ја имал пушката и перото, со кое постојано пишувал и фаќал белешки.

По Ослободувањето работел во МВР, оддел за агитација и пропаганда. Објавил повеќе стихозбирки за возрасни и за деца. За своите заслуги  бил одликуван со: Орден на храброст, Орден за заслуги за народ и Орден на трудот, а од областа на литературата, во 1968 година ја добил наградата на Струшките вечери на поезијата за најдобра книга за деца за таа година. Добитник е и на наградата „11 октомври“ за животно дело.

Волче Наумчевски починал на  20 март 1980 година во Скопје.

(извор: https://www.strumski.com/books/volche_naumcheski_makedonska_kitka_1941.pdf; М.Е. Скопје, 2009, стр. 1029)

Tiho copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top