Македонски легенди

Илија Трчков

Trckov

Trckov

Илија Трчков (1884 – 16. IV 1903) е македонски револуционер, анархист, член на Гемиџиите, учесник во Солунските атентати во 1903 година. Група млади интелектуалци од кои поголемиот дел биле од Велес, кои се нарекле „Гемиџиите“, на крајот на април 1903 година, направиле серија динамитни акции на јавни објекти во Солун и при тоа внимавале да нема ниту една жртва меѓу народот.

Илија Трчков е роден во 1884 година во Велес, за време на Османлиското Царство. Основно училиште завршил во родното место, а школувањето го продолжил во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Додека таму учел, се запознал со анархистичките идеи и станал член на кругот „Гемиџии“.

Група млади интелектуалци од кои поголемиот дел биле велешани кои се нарекле „Гемиџиите“, под слоганот „Се арчиме за Македонија“ на крајот на април 1903 година, направиле серија динамитни акции на јавни објекти во Солун и при тоа внимавале да нема ниту една жртва меѓу народот. Според претходниот договор на групата, единствени жртви за Македонија требало да бидат тие самите. Целта им била да го свртат вниманието на Европа за Македонија поробено под турско ропство

Велешкиот гемиџија Илија Трчков учествувал во нападите во Солун во 1903 година. Вечерта на 15 април 1903 година, Димитар Мечев, Илија Трчков и Милан Арсов извршиле напад на пругата Солун-Цариград при што делумно ја оштетија локомотивата и неколку вагони на возот што минувал, без притоа да им наштетат на патниците.

На 16 април Димитар Мечев и Илија Трчков не успеале да го кренат во воздух резервоарот за гас на фабриката за гасно осветлување, бидејќи стражарот ги приметил.  Откако се разделиле, Трчков фрлил бомба во австриската пошта, а потоа фрла бомби на главната улица.

По атентатите Мешев и Трчков се вратиле во нивниот стан и од таму почнале да фрлаат бомби врз турската војска. Тие фрлија над 60 бомби, а потоа намерно се изложиле на куршумите на турскиот аскер и загинале.

Tiho copy copy copy copy

Подготвил: Т. К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top