|
||||
Ѓеорѓи Николов |
Ѓеорѓи Николов (1868 - 1. III 1938) е македонски лекар, револуционер, деец на Македонската револуционерна организација (МРО). Медицина завршил во Цариград, а работел како лекар во Охрид, Скопје, Воден и Битпла. Активно учествувал во работата на МРО. Во 1907 г. бил осуден на 101 година затвор, а по Младотурската револуција во 1908 година бил помилуван. Ѓеорѓи Николов е роден во 1868 година во Охрид, во Отоманската Империја. Основно образование стекнал во Охрид, а во 1889 година завршил во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Потоа студирал на Медицинскиот факултет во Цариград, а по дипломирањето работел како лекар во Охрид, Битола, Скопје, Воден и др. Др. Николов бил покрстен од Даме Груев и влегол во првиот Охридски околиски комитет. Потоа станал член на Битолскиот револуционерен комитет на МРО, а во 1904 година станал претседател на околискиот комитет на МРО во Скопје. Во 1905 г. бил лекар во Воден, каде што стекнал непријатели, кои неколку пати се обиделе да го убијат. Во 1907 година како претседател на околискиот комитет во Воден бил уапсен и осуден на 101 година затвор. Казната ја издржувал во Солун, Родос и Бурса (Мала Азија). По Младотурската револуција во 1908 година бил помилуван и назначен за лекар во Битола. Во декември 1909 година, по промената на политиката на Младотурците, кои сакаат да ги ликвидираат националните организации и да го наметне османлиството, Николов бил уапсен заедно со Георги Похристов, Александар Евтимов, Павел Христов, Аце Дорев и Милан Матов. Но по два месеци затвор, сите биле ослободени од воениот суд. Др. Николов како воен лекар на бугарската армија учествувал во Балканските и во Првата светска војна. По војните станал активен член на Илинденската организација. Ѓеорѓи Николов починал на 1 март 1939 година во Цариград. Подготвил; Т.К. |