|
||||
Никола Вражалски |
Никола Вражалски (12. Ⅴ 1914 – 1997) е македонски правник, учесник во НОВ, јавен обвинител на НРМ и пратеник. Тој е организатор на НОО во Кочани во 1944 година и бил член на АСНОМ. Исто така, тој е народен пратеник во Уставотворното собрание на НРМ од Кочанска околија, член на Уставотворниот одбор за поготовка на Уставот на НРМ од 1946 г. и јавен обвинител на НРМ (1946-1948). Потоа бил испратен на Голи Оток како информбировец. Никола Вражалски е роден на 12 мај 1914 година во Кочани. Студирал на Правниот факултет на Универзитетот во Белград, каде дипломирал во 1940 година. За време на студиите активно се вклучил во студентските активности и во друштвото „Вардар“, чии членови во 1936 година во Охрид го формирале движењето Македонски Народен Покрет или Македонско Народно Движење (МАНАПО). Тие биле во непосредна врска со македонските комунисти и Вражалски станал член на КПЈ во 1940 година. По бугарската окупација на Македонија, со дозвола на КПЈ, се инфлитрирал и бил поставен како кмет најпрво во Чичевската општина (1941 година), па во Богомила (1942 година), а од јуни 1942, бил поставен за кмет на селото Блатец. Од октомври 1942 година работел во Скопје. Вражалски бил организатор на НОО во Кочани и бил делегат е на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година. Тој бил член у на Уставотворното собрание на Народна Република Македонија од Кочани и член на Уставниот одбор за подготовка на Уставот на Народна Република Македонија од 1946 година. По Ослободувањето, во 1945 година бил именуван за Окружен јавен обвинител, а потоа и за Помошник на јавниот обвинител на Народна Република Македонија. За јавен обвинител на НРМ бил именуван на 27 јули 1946 и на таа функција останал до 3 ноември 1948 година. По Резолуцијата на Информбирото за ЈКП и расколот меѓу Тито и Сталин во јуни 1948 година, Вражалски бил интерниран во логорот Голи Оток како информбировец. Никола Вражалски починал во Скопје во 1997 година. Подготвил: Т.К |