Македонски легенди

Никола Вражалски

Nikola

Nikola

Никола Вражалски (12. Ⅴ 1914 – 1997) е македонски правник, учесник во НОВ, јавен обвинител на НРМ и пратеник. Тој е организатор на НОО во Кочани во 1944 година и бил член на АСНОМ. Исто така, тој е народен пратеник во Уставотворното собрание на НРМ од Кочанска околија, член на Уставотворниот одбор за поготовка на Уставот на НРМ од 1946 г. и јавен обвинител на НРМ (1946-1948). Потоа бил испратен на Голи Оток како информбировец.

Никола Вражалски е роден на 12 мај 1914 година во Кочани. Студирал на Правниот факултет на Универзитетот во Белград, каде дипломирал во 1940 година. За време на студиите активно се вклучил во студентските активности и во друштвото „Вардар“, чии членови во 1936 година во Охрид го формирале движењето Македонски Народен Покрет или Македонско Народно Движење (МАНАПО). Тие биле во непосредна врска со македонските комунисти и Вражалски станал член на КПЈ во 1940 година.

По бугарската окупација на Македонија, со дозвола на КПЈ, се инфлитрирал и бил поставен како кмет најпрво во Чичевската општина (1941 година), па во Богомила (1942 година), а од јуни 1942, бил поставен за кмет на селото Блатец. Од октомври 1942 година работел во Скопје.

Вражалски бил организатор на НОО во Кочани и бил делегат е на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година. Тој бил член у на Уставотворното собрание на Народна Република Македонија од Кочани и член на Уставниот одбор за подготовка на Уставот на Народна Република Македонија од 1946 година.

По Ослободувањето, во 1945 година бил именуван за Окружен јавен обвинител, а потоа и за Помошник на јавниот обвинител на Народна Република Македонија. За јавен обвинител на НРМ бил именуван на 27 јули 1946 и на таа функција останал до 3 ноември 1948 година.

По Резолуцијата на Информбирото за ЈКП и расколот меѓу Тито и Сталин во јуни 1948 година, Вражалски бил интерниран во логорот Голи Оток како информбировец.

Никола Вражалски починал во Скопје во 1997 година.

Tiho copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top