Македонски легенди

Спасе Мартинов

S. Martinov

S. Martinov

Спасе Мартинов (23. VII 1872 – Софија, 30. XII 1937) е македонски револуционер, учител, член на ЦК на ТМОРО (1901–1902). Завршил словенска филологија во Софија. Присуствувал на Солунскиот конгрес на ТМОРО (1903). Пред Илинденското востание бил затворен. По востанието бил во Задграничното претставништво на ТМОРО во Софија.

Спасе Михајлов Мартинов е роден на 23 јули 1872 година во градот Битола, за време на Отоманската империја. Завршил прогимназија во Битола, а потоа учел во педагошкото училиште во Силистра. По завршувањето, продолжил да учи Вишо училиште во Софија и кога истото се затворило, заминал  во Белград. Но, поради српската пропаганда повторно заминал за Бугарија, каде  во 1896 година дипломирал словенска филологија на Универзитетот во Софија. Потоа работел како учител во Солунската машка гимназија.

Покрај учителската работа, тој активно се вклучил во револуционерното дело на Македонската револуционерна организација. Станал член на ЦК на ТМОРО 1901/1902 година. Како секретар на ЦК, тој со уште двајца, како преставник на Задграничното претставништво, бил испратен во мисија во Софија за да преговараат со Врховниот комитет.

За време на Солунската афера од јануари 1901 година, однапред бил информиран од Иван Хаџиниколов за апсењата од страна на турската полиција и успеал да се скрие. Оттаму, тој отишол да работи како учител во Одринската машка гимназија, каде што во 1901 година станал претседател на Одринскиот окружен револуционерен комитет.

Во април 1902 година, во Пловдив, учествувал на конгресот на Одринскиот окружен комитет заедно со Гоце Делчев и Михаил Герџиков, каде што бил избран за член на окружниот комитет.

Спасе Мартинов присуствувал на Солунскиот конгрес на ТМОРО во 1903 година. Во пролетта, пред Илинденското востание бил затворен од турските власти и потоа под притисок на дипломатите бил ослободен. По ослободувањето заминал за Софија, каде пред востанието собирал оружје, вооружувал чети и ги испраќал до границата.

По востанието бил во Задграничното претставништво на ТМОРО во Софија. Во 1904 година учествувал во подготовката на чети што требало да влезат во внатрешноста на Македонија. Потоа, неможејќи да се врати во Македонија, работел три децении како учител во трговската гимназија во Свиштов, без притоа да ја прекине својата активност во Македонската револуционерна организација.

Во Бугарија, Спас Мартинов бил долгогодишен активист на Илинденската организација и претседател на Свиштовското Македонско Добротворно Братство.

Спас Мартинов починал во Софија на 30 декември 1937 година.

(извор: М.Е. том II, стр. 923, Скопје 2009; „Илустрацја Илинден“, книга 1 (101), Илинденска организация, Софија, Јануари 1939. Стр. 4 – 5. )

подготвил: Т.К.

Tiho copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Најново од: Македонски легенди

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

Јосиф Јосифовски — Свештарот: Живот положен за слободата на Македонија

Роден на 2 август 1915 година во Гевгелија — загинал на 6 октомври 1943 година кај селото Кленоец, Кичевско. Јосиф Јосифовски — Свештарот е македонски револуционер, учесник во Народноослободителната борба и народен херој. Неговиот живот завршил на само 28 години, во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија. Роден во сиромашно семејство во […]

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

To top