Македонски легенди

Живко Чинго

Z. Cingo

Z. Cingo

Живко Чинго (13 VIII 1935 – 11 VIII 1987) е македонски раскажувач, романописец, драмски автор, новинар. Своето високо место во македонската литература го заслужи пред се со своите раскази објавени во збирките „Пасквелија“ и „Нова Пасквелија“.

Живко Чинго е роден на 13 август 1935 година во охридското село Велгошти. Основно училиште завршил во родното село, а гимназија во Охрид. Во 1959 година дипломирал на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Скопјe, на групата Југословенска литература.

По дипломирањето на Филозофскиот факултет во Скопје, работел како професор во Гимназијата во Охрид, а потоа како новинар во повеќе редакции во Скопје. Rаботел во „Студентски збор“, „Млад бореџ“, Радио Телевизија Скопјe, во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, во Центарот за политички студии, а бил и долгогодишен директор на драмата во Македонскиот народен театар. Кон крајот на својот живот работел како советник во Републичкиот комитет за култура. Во 1963 година, станал член на Друштвото на писатели на Македонија, а бил и член на Македонската академија на науките и уметностите.

Живко Чинго се појавува во мaкедонската литература кон крајот на 1950-тите години. Со своите први раскази, објавени во списанието „Разгледи“ во 1957 година, тој го привлекол вниманието на книжевната јавност кон себе. Но со појавата на неговата прва збирка раскази Пасквелија станало јасно дека се работи за голем мајстор на краткиот расказ.

Првата збирка раскази Пасквелија, објавена во 1961 година, беше пречекана како книжевно откровение. Неколку години подоцна, во 1965 година, ја објавил својата втора книга раскази Нова Пасквелија, која го повторила големиот успех на првата книга. Во 1966 година, Чинго го објавил детскиот роман „Сребрени снегови“, а во 1971 година, уште еден роман, „Голема вода“, кој бил снимен во филм со исто име. Книгата раскази „Заљубениот дух“ е објавена во 1976 година на српско-хрватски јазик.

Делата на Чинго се високо ценети од страна на македонските и југословенските критичари, а тие се преведени на: српско-хрватски, словенечки, албански, руски, полски, француски, унгарски и германски јазик.

Во 1963 година, тој добил награда од белградскиот весник „Младост“ за неговата збирка Пасквелија. За неговата збирка Нова Пасквелија ја добил наградата „11 Октомври“ во 1966 година. Истата година ја добил и наградата „Детска радост“ за најдобар детски роман (за „Сребрени снегови“).

Чинго е автор на следниве дела: раскази „Пасквелија“ (1963), раскази „Породица Огулиновци“ (1965), раскази „Нова Пасквелија“ (1965), роман за деца „Сребрени снегови (1966), раскази „Пожар“ (1970), роман „Големата вода“ (1971), сценарио  „Жед“ (1971), сценарио „Поле“ (1971), драма „Образ“ (1973), драма „Зидот, водата“ (1976), раскази „Вљубениот дух (1976), драма „Кенгуровиот скок“ (1979), драма „Макавејски празници“ (1982), раскази „Накусо“ (1984), сценарио „Пчеларник (1988), раскази „Гроб за душата“ (1989), роман „Бабаџан“ (1989), раскази „Бунило“ (1989), проза Ал (1989).

Живко Чинго починал на 11 август 1987 година.

Tiho copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top