Македонски легенди

Андрејаш

Andrea

Andrea

Андреја (Андрејаш (? – 1395) е вториот син на кралот Волкашин и брат на кралот Марко, млад крал по смртта на татка си во 1371 година. Ја управувал територијата по долината на реката Треска и области во Поречје Кичевско. Водел одвоени финансии од кралот Марко, ковал монети и издавал повелби. Тој е ктитор на манастирот „Свети Андреја“ (1388/89) во Матка на реката Треска кај Скопје. Во 1394 година, заедно со брат му Димитар ја напуштил Македонија и преку Дубровник, заминал во Унгарија во служба на унгарскиот крал Сигизмунд.

Андрејаш Мрњавчевиќ е вториот син на кралот Волкашин и неговата сопруга Елена, брат на крал Марко, Иваниш, Димитар и Оливера. По смртта на татка си во 1371 година, како млад крал заедно со братот кралот Марко владеел со Прилепското кралство. Водел одвоени финансии од кралот Марко. Исто како и братот ковал монети и издава повелби, Тој ја управувал територијата по долината на реката Треска и области во Поречје Кичевско.

Познато е дека во 1389 година го изградил манастирот Свети Андреја на брегот на реката Треска, за чија изградба донирал големо богатство. Тој, исто така, помогнал да се заврши изградбата на манастирот Свети Димитрија, започната од неговиот татко.

Односите меѓу Андријаш и неговиот брат Марко Краљевиќ како совладетели биле добри сè до 1393/1394 година, кога во Сер се одржала средбата меѓу Марко и султанот Бајазит. По оваа средба, биле разјаснети ставовите на балканските владетели во однос на Отоманската империја. Крал Марко учествувале во Битката кај Ровине во 1395 година на страната на Османлиите (каде што загинал), Додека Андрејаш и неговиот брат Димитар одбиле да му служат на султанот и во 1394 година ја напуштиле татковата земја.

Браќата се упатиле кон Дубровник, каде се обиделе да го земат богатството на својот татко (околу 5.600 перпери), кои Волкашин му го доверил на Павел Барабиќ на чување. Но, по смртта на Барабиќ во 1374 година, парите ги зела неговата вдовица и неколку благородници. Андрејаш и Димитар морале да чекаат да заврши судскиот процес меѓу наследниците на Павел Барабиќ и општината. Познато е дека на 27 јули 1394 година браќата биле во Дубровник и ги добиле парите на 10 август.

По добивањето на оставнината, браќата Андрејаш и Димитар заминале во Унгарија и се ставиле во служба на унгарскиот крал Сигизмунд  во 1394 година. Дечанската хроника од втората половина на 15 век, сведочи дека Андрејаш загинал во битка кај Ровине. Во секој случај, по 1395 година, неговите траги се губат.

Tiho copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top