Среда, 11 Август 2010    PDF Печати Е-пошта
Никола Карев

Nikola_karev2Никола Јанакиев Карев (Крушево,1877 – с. Рајчани, 1905) – претседател на Крушевската Република, бил учител, социјалист и национален деец, ревулуционер и војвода. Завршува четврти клас во Битолската гимназија. На 16 години заминува на печалба во Бугарија. Како столарски работник работи во работилницата на Васил Главинов од кого ги прифаќа социјалистичките идеи. Заедно со Васил Главинов, ја основаат Македонско-одринската социјал-демократска група (1896). Во родниот град се враќа во 1899 година и заедно со Веле Марков ја формираат социјалистичка група во Крушево. Во ТМОРО се вклучува по Првата социјалистичка конференција (1901). По завршувањето на четврти клас во Битолската гимназија (1901), во учебната 1901/1902 станува учител во крушевското село Горно Дивјаци, а следната учебна година работи во Крушевската прогимназија. На почетокот на 1903 година застанува на чело на Крушевскиот револуционерен комитет и остро се спротивставува на решението за кревање на Илинденското востание донесено на Смилевскиот конгрес. Сепак по одлуката за кревање на востание, во својство на началник на Горскиот Крушевски штаб, Карев активно учествува во подготовка и организација на Илинденското востание (2 август 1903), а подоцна и во ослободувањето и одбраната на Крушево. По паѓањето на Крушево во турски раце, кон крајот на годината се префрла преку Белград во Софија. Откако извесно време престојува во Бугарија, во 1905 година тргнува со чета во Македонија, но на пат кон Крушево загинува во битка со османлиската војска кај село Рајчани.  

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КРУШЕВСКАТА РЕПУБЛИКА

Животниот пат на Никола Карев започнува во периодот кога Македонија стенкаше под стегите на многувековната османлиска експлоатација, кога владееше национална и политичка обесправеност Роден во 1877 година во Крушево, како четврто дете во сиромашно јагленарско семејство, Карев многу рано како дете ќе ја почуствува целата беда и горчината на македонската голгота и понижувањата на ропската потчинетост.

Соочен со суровата реалност, тешката економска и социјална положба во семејството и земјата, Никола Карев е принуден да го прекине своето школување за да му помогне на своето семејство. Во поткрепа на своите сиромашни родители, прекинувајќи го своето школување уште во третиот клас, тој се вработува како столарски чирак. Наскоро, како 16 годишно момче, го напушта своето родно огниште и заминува на печалба во Бугарија. Во прво време работи како ѕидар, а потоа станува столарски работник во работилницата на велешкиот столар и основач на Македонската работничка социјалистичка група во Софија, Васил Главинов. Во таква средина младиот Карев ќе го изгради својот идеен и политички став. Набргу, со самопрегорна работа и пропагирањето на социјалистичките идеи, станува еден од повидните членови членови на Македонската социјалистичка група, која покрај класната, води борба за создавање на самостојна македонска држава. Заедно со Васил Главинов, ја основаат Македонско-одринската социјал-демократска група (1896).

Заради здраствени причини се враќа во родниот град во септември 1899 година, каде со Веле Марков ја формираат социјалистичка група во Крушево. Набрзо, заради сопствени и потребите на организацијата, го продолжува своето образование.  Во 1900 година со големи усилби, живеејќи во мизерија, во Битола завршува четврти клас гимназија. За време на школувањето, продолжувајќи ја својата политичка активност, соработува со тогашните раководители на месната револуционерна организација и како член на Битолската социјалистичка група развива широка агитациска политичка дејност меѓу тамошната средношколска и работничка младина за нејзино национално разбудување.

Карев не учествува на првата социјалистичка конференција. Сепак ги прифаќа нејзините одлуки, во прв ред одлуката за влегување на македонските социјалисти во редовите на ТМОРО, во февруари во 1901 година. По завршувањето на четвртиот клас во Битолската гимназија во јуни 1901 година, на  барање на Организацијата, Карев се согласува да стане учител и во 1901 година заминува за село Горно Дивјаци, Крушевско. Благодарение на својата активност и способност, тој израснува во забележлива раководна личност на МРО во крушевскиот крај.Следната учебна година е префрлен на работа во Крушевската прогимназија.

На чело на Крушевскиот ревулиционерен комитет, Никола Карев застанува во јануари 1903 година. Добро познавајќи ја состојбата во својот реон, во мај истата година, на Смилевскиот конгрес, тој решително ќе се спротивставува на солунското решение за дигање на востаније, посочувајќи дека не се создадени сите објективни предуслови за негов успех, како и поради недоволната вооруженост и подготвеност на сите револуционерни реони. Иако противник на предвремената донесена одлука за востание во Солун, по дефинитивното решение на Конгресот во Смилево за дигање на востание во Битолскиот округ, Никола Карев ги вложува сите свои револуционерни и умствени способности за успешно изведување на востанието во својот реон. За време на подготовките редовно го обиколува реонот, а по завршување на активностите во градот Карев во јуни се повлекува во илегала и раководи со подготовките за востанието од Горскиот Штаб. Главна цел на неговиот Штаб била освојување на градот Крушево.

Извршувајќи ги сите подготовки за успешно заземање на градот, пред да започне нападот Штабот на Никола Карев издал специјален проглас со кој го објавил востанието и со кој го повикува народот на востание.  Потоа според одлуката и планот, ноќта на 2 август, со околу 750 востаници Карев го започнал нападот врз градот. Концентрирајќи ги своите напори врз клучните објекти како општината, поштата и други важни згради, востаниците се сретнале со посебно жесток отпор при нападот на касарната, во која се наоѓале 60 војници.   На 3 август градот бил ослободен од турската власт, а во него се настанил Штабот на крушевските востаници.

За време на востаничката власт во Крушево, Карев е на чело на Штабот на крушевските востаници и не врши ниту една од функциите на цивилната власт.  Веднаш по преземањето на власта, била формирана привремена Влада, која во името на Штабот на Никола Карев упати Манифест до околното муслиманско население, кое братски се повикуваше да ја поддржи и да ја помогне светата борба на сите обесправени во Македонија. Сепак, фактички, тој бил на чело на новата востаничка власт во Крушево, поради што обично му се припишува функцијата претседател на Крушевската република, иако за тоа нема формална основа.

Издавањето на Крушевскиот манифест, всушност декларација за целите на македонската револуција, преставува полн израз на државотворните гледишта на македонските социјалисти за конституирање на македонската држава. Овој акт на македонските револуционери, пленува со својот револуционерен демократизам, со високите принципи на соживот меѓу народите, без разлика на нивната национална и верска припадност.

По паѓањето на Крушево во турски раце, Никола Карев со своите соработници се повлекува во околните планини, за да кон средината на ноември 1903 година се префрла во Белград.  Од Белград заминува за Софија каде ја обновува својата активност и учествува во формирањето на Македонско-одринската социјалистичка група во 1905 година, како огранок на Бугарската работничка социјал-демократска партија. Во 1905 година пролетта реши да се врати во Македонија. На 26 април неговата чета на пат за Крушево ноќева во село Рајчани, Кочанско. Но, тука беа предадени и веднаш сардисани од османлиската  војска. Следниот ден, на 27 април во нерамна борба загина младиот Никола Карев, заедно со многу борци од неговата чета.

Посмртните останки на Никола Карев во 1953 година, по повод одбележувањето на 50 години од Илинденското востание, се пренесени во Крушево. На 11 април 1990 година тие се пренесени во Македониумот.

Интервју на Никола Карев за грчки весник: Јас сум Македонец

 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.