Македонски легенди

Димитри Јанков

Jankov

Jankov

Димитри Јанков, (21. X 1919 – 12. I 2014) е македонски резбар, еден од најактивните резбари од постарата македонска генерација кој зад себе има оставено голем број на уметнички копаничарски дела. Со право може да се смета за претставник на македонската резбарска уметност, како дел од повеќевековната копаничарска традиција.

Димитри Јанков, познат како Димче Јанко, е роден на 21 октомври 1919 година во Охрид, во големото семејство Јане и Луиза Стружанчеви. Димитри како најстар син му помагал во земјоделските работи на татка си. Во 1934 година го напуштил средното училиште и се запишал во вечерното резбарско училиште во Охрид. По неговото завршување се стекнал со звањето занаетчија.

Димитри немал материјални можности да продолжи на академија, па во периодот по завршувањето со своите соученици, тој изработувал резбани предмети (кутиии др.), кои ги продавале на панаѓур во Пловдив, Бугарија. Во 1943 година тој работел во Промишљено училиште во Пловдив, каде сите резбари изработувале посебни предмети, а кои подоцна ги продавале.

Во периодот од 1943 до 1947 година Димитри престојувал и работел кај братот кој бил машинист на брод во Варна, а во 1947 година работел во Македонскиот дом во Варна.

Во 1947 година заедно со група ентузијасти од Охрид, го формирале бродарското друштво „Стрмец“, предвесник на едриличарството во Охрид, на чии темели е формирана Едриличарската федерација на Македонија – ЕФМ.

По 1947 година, Димче Јанков работел во Студиото за уметничко резбарство „Андон Дуков“. По затворањето на студиото во 1962 година, Димче Јанков работел во Народниот музеј на градот Охрид, а подоцна во ликовното студио во Охрид на работничката организација „Бистра-продукт“. Во 1973 година заминал во пензија, но продолжил да изработува предмети по нарачка. За време на негов работен век тој обучил голем број на ученици.

Димче Јанков учествувал на многу колективни изложби: во 1938 година во Белград, 1947 година во Варна, двапати во Холандија и редовно на годишните изложби на Здружението на резбари на Македонија.

Неговото творештво вклучува резбани дела за државни или црковни институции – тавани, училници, розети, фризови, украси, столбови, владички тронови, постаменти, крстови и други. Неговите дела има во многу градови низ Република Македонија, потоа низ републиките на поранешна Југославија, како и во Европа, САД, Канада, Австралија и Русија.

Димче Јанков починал на 12 јануари 2014 година во Охрид.

Tiho copy copy copy copy copy copy

Т.К

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top