Македонски легенди

Трајко Андреев

Andreev

Andreev

Трајко Андреев (7. V 1925 – 8. XI 1944) e македонски партизан, член на КПЈ (Комунистичка партија на Југославија) и КПМ (Комунистичката партија на Македонија). Бил борец од Осмата македонска ударна бригада. Загинал во битката за ослободувањето на Велес.

Трајко Андреев (Трајче Јованов Андреев) е роден на 7 мај 1925 година во сиромашна земјоделска фамилија од Богомила. Релативно млад покажал интерес кон социјализмот и комунизмот, кој во регионот го ширеле велешките членови од ВМРО (Обединета), како Панко Брашнаров и Алексо Мартулков.

На почетокот септември 1944 година, Трајко се приклучил на македонските партизани. Станал борец на Осмата македонска ударна бригада (позната како Велешка ударна бригада), која е формирана на 2 септември во селито Отоштино.

Веднаш по формирањето, бригадата започнала со борбени дејства во кои учествувал Трајко Андреев. Во пределот на Велешко бригадата учествувала во минирањето на патните правци Велес- Прилеп и Велес-Скопје преку кои се извлекувале германските единици од составот на армиската група Е од југ кон север и се вршело разоружувањето на бугарската војска на овој терен. Потоа бригадата се упатила кон селата Говрлево, Здуње, Растеж и Седларево во пределот на Сува Гора. По жестоките борби со балистичките сили, бригадата, повторно е вратена на теренот на Велешко, за да учествува во операциите за конечното ослободување на Велес.

Во 8 ноември, 1944 Андреев учествувал во борбите за ослободувањето на градот. За време на борбите во главните улици на градот Андреев смрттно бил погоден од германски куршуми. Бил погребан во неговото родно село.

Во негова чест ОУ „Трајко Андреев“ – Велес го носело неговото име до 2006, кога школото се споило со ОУ „Блаже Конески“ – Велес.

1d-Tiho copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top